Во текот на изминатите две недели, седумкратниот шампион не зборуваше со медиумите и ја пропушти церемонијата на доделување на наградитете на ФИА, а сега започна нов бран гласини за можно повлекување откако ги одследи сите профили кои ги следеше на Инстаграм.
Тој ги бојкотираше социјалните мрежи по последната трка, но неговите последни постапки ги алармираа неговите фанови, кои стравуваат дека ќе се повтори ситуацијата со неговиот поранешен тимски колега од Мерцедес АМГ, Нико Розберг, кој објави дека ќе се пензионира и покрај долгогодишниот договор со Мерцедес.
Берни Еклстоун ги коментираше гласините за можната одлука на Луис Хамилтон да ја заврши кариерата. Поранешниот сопственик на Формула 1 смета дека во 2022 година седумкратниот шампион нема да продолжи, а Мерцедес АМГ ќе мора да бара негова замена.
- Дали разговаравте со Луис Хамилтон по трката во Абу Даби?
"Не, но пред неколку дена му се јавив на неговиот татко. Веднаш сфатив дека нема да одговори на прашањето за иднината на неговиот син, па разговаравме само за бизнис!"
- Сега сите се прашуваат што мисли Луис...
"Не ги знам неговите размислувања, но мислам дека нема да се врати. Разочарувањето на Луис е преголемо, но разбирливо. Тој освои седум титули, како Михаел Шумахер, па сега може да го исполни својот сон и да стане претприемач во светот на модата."
- Што мислите за финалето на сезоната во Абу Даби?
"Во последните неколку кругови многу нешта тргнаа наопаку. Мајкл Маси, Директорот на трката, можеше да се спаси од многу проблеми доколку ја прекинеше трката со црвени знамиња веднаш по несреќата на Николас Латифи. Тогаш ќе гледавме борба помеѓу Макс и Луис во последните три круга."
- Ако Луис Хамилтон одлучи да ја заврши кариерата, тогаш во 2022 година Мерцедес АМГ нема да биде толку сериозна закана без него?
"Точно. Но, во 2022 година, Луис може само да изгуби. Не знаеме каков ќе биде соодносот на силите со болидите изградени според новите технички прописи. Во лицето на Џорџ Расел, тој ќе добие амбициозен тимски колега, во кој, патем, не сум толку сигурен како многуте експерти. Исто така, да не заборавиме на Ферстапен. Во него, Луис, многу години подоцна, најде рамноправен ривал."
- Макс верува дека Хамилтон нема да се повлече...
"Го разбирам. Да се стане шампион против толку силен противник е особено вредно. Тврдам дека во моментов Макс е најдобриот возач во светот."
- Дали Макс ќе може да ја одбрани титулата, имајќи го предвид фактот дека во 2022 година Ред Бул самостојно ќе ги сервисира погонските единици?
"Околу тоа не мора да се грижите. И по официјалното заминување, Хонда будно ќе го следи развојот на настаните."
- Со кого последен пат разговаравте на телефон?
"Таткото на Карлос Саинц Јр. ми се јави да ми каже за ситуацијата со неговиот син."
- Kои се вестите?
"Да речеме, во Маранело се изненадени што на крајот од сезоната Карлос беше пред својот тимски колега Чарлс Леклер во поединечна конкуренција. Секогаш мислев дека Леклер е добар возач, но ништо повеќе."
СИТЕ САКААТ ДА ГО ПЕНЗИОНИРААТ, НО...
12/24/2021 08:34:00 PM
0
Share to other apps
