Знаеме дека Формула 1 болид е врвот на автомобилската технологија и тешко може да биде победен од кој било друг тркачки автомобил, но ретко, од прва рака, можеме да споредиме колку е побрз.
Британската програма Top Gear се одлучи за невообичаен Божиќен тест. Тројцата водители (не, не се тие што ја прославија оваа емисија) решија да организираат т.н. Драг, спринт, трка на класично растојание од четвртина милја, т.е. околу 400 метри.
На почетокот дојдоа претставници од три тркачки категории: Форд Фиеста рели автомобил со погон на сите тркала од класата WRC, електричниот болид на Формула Е и болидот на Мерцедес АМГ, и тоа не најновиот, но тоа не е толку важно.
Главната работа е да се види што се случува на патеката. Исто така, ве советуваме да внимавате како WRC автомобилот стартува дури и на влажен асфалт.
* Сите коментари се прегледуваат пред да се објават.
