Мерцедес АМГ најави дека има намера да поднесе жалба на одлуката на стјуардите поврзана со резултатите на Големата Награда на Абу Даби, и за тоа имаше 96 часа. Денес од тимот соопштија дека нема да продолжат со судски спор, со што Шампионската Титула на Макс Ферстапен и официјално е потврдена.
"Почитувани Формула 1 фанови и заедница!
Го напуштивме Абу Даби со неверување на она што го видовме. Се разбира, дел од играта е да се загуби трка, но нешто поинаку е кога ќе ја изгубиш вербата во трките.
Заедно со Луис, внимателно размислувавме како да одговориме на настаните од финалето на сезоната во Формула 1. Отсекогаш сме биле водени од нашата љубов кон овој спорт и веруваме дека секое натпреварување треба да се добива по заслуга.
На трката во неделата многумина сметаа, вклучително и ние, дека начинот на кој се одвиваа работите не е во ред. Причината поради која протестиравме на резултатите од трката беше затоа што прописите за безбедносниот автомобил беа применети на нов начин што влијаеше на резултатот на трката, откако Луис беше во водство и на пат да го освои шампоионатот.
Апелиравме во интерес на спортска правичност и оттогаш бевме во конструктивен дијалог со ФИА и Формула 1 за да создадеме јасност за иднината, така што сите натпреварувачи ќе ги знаат правилата според кои се тркаат и како тие ќе бидат спроведени.
Така, ја поздравуваме одлуката на ФИА да формира комисија за темелна анализа на она што се случи во Абу Даби и да ја подобри робусноста на правилата, управувањето и донесувањето одлуки во Формула 1. Го поздравуваме и тоа што тие ги поканија тимовите и возачите да учествуваат во тоа.
Тимот на Мерцедес АМГ активно ќе работи со оваа комисија за да изгради подобра Формула 1, за секој тим и секој навивач кој го сака овој спорт исто како и ние. Ќе ја сметаме ФИА одговорна за овој процес и со ова ја повлекуваме нашата жалба.
До Макс Ферстапен и Ред Бул: Би сакале да ја изразиме нашата искрена почит за вашите достигнувања оваа сезона. Ја направивте оваа борба за титулите во Формула 1 шампионатот навистина епска. Макс, ти честитаме тебе и на целиот твој тим. Со нетрпение очекуваме да ја пренесеме оваа борба на следната сезона.
И на крај, иако овој шампионат кај возачите не заврши како што се надевавме, не можевме да бидеме погорди на нашиот тим.
Луис, ти си најголемиот возач во историјата на Формула 1, кој го даваша својот максимум во секој круг од оваа неверојатна сезона.
Ти си беспрекорен спортист на и надвор од патеката и испорача беспрекорни перформанси. Како чист натпреварувач и како пример за милиони ширум светот, те поздравуваме.
Валтери, ти беше важен дел од овој тим, испорачувајќи пет шампионски Титули кај конструктори во пет сезони. Ти благодариме за твојот извонреден придонес во нашата историја на мотоспортот. Kiitos, Валтери.
Конечно, до секој член на Мерцедес АМГ тимот во Бракли и во Бриксворт, напишавте историско поглавје во приказната за Сребрената стрела со освојувањето на осмата последователна шампионска титула кај конструктори. Ова е достигнување без преседан. Со едноставни зборови: тоа е прекрасно. Вие сте прекрасни."
ОФИЦИЈАЛНО: МЕРЦЕДЕС АМГ НЕМА ДА ЈА ПОДНЕСЕ НАЈАВЕНАТА ЖАЛБА
12/16/2021 02:36:00 PM
0
Tags
Share to other apps
