Финалната трка на 2021 сезоната остави впечаток кај сите, без разлика за кого навивате. Стофел Вандорн, Формула Е возач на Мерцедес, не се сомнева дека Макс Ферстапен ја заслужи титулата, но има и свое мислење за тоа што се случуваше во последните кругови од Големата Награда на Абу Даби.
"Начинот на кој беше одлучен исходот на шампионатот е погрешен. Има многу јасни правила кои ја регулираат процедурата поврзана со безбедносниот автомобил. Овие правила не беа почитувани, што ги промени резултатите од трката. Многу е тешко тоа да се прифати (кога си страната што губи)."
"Но, мислам дека резултати од Абу Даби се целосно регуларни. Едноставно, директорот на трката не сакаше трката да заврши зад безбедносното возило, што предизвика нормалните процедури да бидат нецелосни."
"Tитулата не беше загубена во последниот круг од последната трка. Да не заборавиме дека на почетокот на сезоната Мерцедес АМГ не се претстави добро и заостануваше во однос на Ред Бул, тим кој го искористи тоа и успеа да направи предност."
Вандорн, исто така, јасно стави до знаење дека не им верува на гласините за можната одлука на Хамилтон да ја заврши кариерата.
"По трката, Луис не објави ништо на социјалните мрежи и мислам дека беше многу лошо расположен. Секако дека му е тешко да го прифати она што се случи во Абу Даби, но сепак сака да постигне многу и сигурен сум дека сите овие настани ќе му станат извор на дополнителна мотивација. Ќе се врати уште посилен."
Белгијанецот е сосед на Макс Ферстапен, па кога ќе дозволат приликите периодично комуницираат.
"Го видов неколку дена по враќањето од Абу Даби. Ми призна дека обично никогаш не чувствува притисок, но на последното Гран При за првпат во целата своја кариера го доживеал најсилниот притисок. Во секој случај, тој беше многу среќен, бидејќи мораше да жртвува многу за титулата. Тој заслужено стана шампион."
НЕ МУ БЕШЕ ОДЗЕМЕНА ТИТУЛАТА НА ХАМИЛТОН
12/27/2021 12:01:00 PM
0
Share to other apps
