Во мотоспортот, пит-стоп е пауза за полнење гориво, менување гуми, мали поправки, механички прилагодувања, промена на возач, како казна или каква било комбинација од горенаведеното.
Во Формула 1, по забраната за дополнување гориво од 2010 година, болидите прават пит-стопови со примарна цел менување на гуми. Тимовите понекогаш прават прилагодувања и на предните и задните крила и вршат мали поправки, најчесто замена на носот на болидот. Застанувањето во пит-стоп обично трае 2-3 секунди.
Ред Бул го држи актуелниот рекорд за најбрз пит-стоп, со застанување од 1.82 секунди изведено на Големата Награда на Бразил во 2019 година. Во последно време во една Ф1 трка гледаме просечно од 1 до две застанувања во бокс, во зависност од патеката. Сегментите помеѓу пит-стоповите се познати како "стинтови".
Тимот на Вилијамс ни објаснува што е потребно за добар и брз пит-стоп. Видеото е со МК превод.
ВИДЕО: ПИТ-СТОП ВО ФОРМУЛА 1
1/23/2022 01:58:00 PM
0
Share to other apps