Во понеделникот, целото раководство на ФИА се собра во Женева за да ги анализира настаните од последните кругови на Големата Награда на Абу Даби, што предизвика толку многу полемики, кои се уште се во тек.
Мохамед бин Сулејем, новиот претседател на ФИА, заедно со неговиот заменик Роберт Рид, со учество на шефовите на сите сектори на федерацијата, вршат детална анализа на настаните што се случија на последната трка од сезоната и по финишот.
Анализата ја води Питер Баер, генералниот секретар на ФИА. Тој има намера да ги интервјуира сите клучни учесници на настаните, вклучувајќи го директорот на трката Мајкл Маси, стјуардите, возачите и претставниците на тимовите.
Портпаролот на ФИА изјави дека анализата ќе биде темелна, објективна и транспарентна. Се очекува дека резултатите од анализата и предлозите со кои би се спречило повторување на такви ситуации ќе бидат претставени на состанокот на комисијата за Формула 1 во месец Февруари, додека конечните одлуки ќе бидат објавени на Светскиот совет за мотоспорт на ФИА на 18 Март во Бахреин, два дена пред првата трка во сезоната.
Претходно имаше гласини дека Мајкл Маси ќе ја загуби функцијата тркачки директор, а како за истите беше фактот што името на Маси не беше наведено во документот објавен на почетокот на јануари во кој се опишува раководната структура на ФИА.
Сепак, се верува дека во моментов не е донесена одлука за понатамошната судбина на Мајкл Маси. Гледано од било кој аспект на засегнатите страни, ситуацијата во која се најде ФИА не е лесна, па да видиме каков ќе биде исходот.
ФИА ГИ АНАЛИЗИРА ПОСЛЕДНИТЕ КРУГА ОД 2021 АБУ ДАБИ ГП
1/12/2022 08:11:00 PM
0
Tags
Share to other apps