Првите три места на деветтата етапа на Дакар релито им припаднаа на екипажите на фабричкиот тим на Тојота, а победата му припадна на Жиниел де Вилиер од Јужна Африка, за кого ова е веќе 20-ти Дакар, т.е. 19 ако не ја сметаме 2008 година кога релито беше откажано во последен момент.
Потоа во 2009 година, кога Дакар за прв пат се одржа во Јужна Америка, Де Вилиер победи на со автомобилот на Фолксваген. Од тогаш не може да го повтори овој успех, како што нема да успее и сега, бидејќи премногу заостанува зад Насер Ал-Атија, неговиот тимски колега.
Второто место го освои екипажот на Хенк Латеган, тимски колега и сонародник на де Вилиер, а Ал-Атија го заокружи победничкиот подиум. Матијас Екстром, возачот на Ауди и победник на вчерашната етапа, беше четврти, а Себастиен Леб, кој е втор во генералниот пласман, петти помина низ целната линија. Но, бидејќи денеска загуби од Ал-Атија, тоа значи дека неговата разлика со лидерот на трката е зголемена, иако само за една минута.
Поради фактот што следните неколку етапи се релативно кратки, ќе биде исклучително тешко да се надоместат 39 минути, па ако Ал-Атија нема проблеми со својот автомобил или ако се случи нешто неочекувано, ништо нема да го спречи катарскиот возач да биде победник на Дакар по четврти пат.
Карлос Саинц денеска заврши како шести, губејќи само половина минута од Леб. Но, резултатот можеше да биде многу подобар, ако поминеше без дупната гума и малата грешка во навигацијата.
Во категоријата на камиони, повторно најбрз беше екипаж на Камаз, тој со број 505, т.е. Едуард Николаев, Евгениј Јаковлев и Владимир Рибаков. Тие беа за две и пол минути побрзи од екипажот на Димитриј Сотников, кој го задржа водството во генералниот пласман, но тоа е сега нешто помалку од девет минути, па се може да се промени.
Денес до третото место се проби екипажот на Мартин Мацик, кое го загуби второто место за само три секунди. Чешкиот тим Big Shock Racing учествува со камион на Ивеко, и по девет етапи го зазема 9-тото место во генералниот пласман.
Меѓу мотоциклистите, денес, најбрз беше Чилеанецот Хозе Игнасио Корнехо Флоримо, попознат како "Начо", со фабричката Хонда. Кевин Бенавидес на мотоциклот КТМ заостана 1,5 минута за второто место, а трет финишираше најискусниот Американец Рики Брабек.
Матијас Волкнер, искусен австриски возач, кој, исто така, ја претпочита техниката на австрискиот бренд КТМ, заврши четврти, но по денешната етапа стана лидер во оваа категорија, туркајќи го Сем Сандерленд на второто место.
Во категоријата на лесни автомобили, Т3, Сет Кинтеро нема конкуренција, па дури е изненадувачки што на крајот од девет етапи, не неговиот екипаж, туку Чилеанецот Франциско Контардо е во водство.
Но, Американецот имаше катастрофален трет натпреварувачки ден кога загуби многу часови поради скршено куќиште на диференцијалот, дополнето со казната од 10 часа. Загубата е толку голема што тој сè уште го зазема само 23-то место во генералниот пласман. Но, како што изјави и самиот, тој ги следи сопствените цели и има намера да го урне рекордот за етапни победи на Дакар релито.
За утре е закажана 10-тата етапа, со должина од 759 километри, од кои 375 километри се брза делница, и тоа навстина брза!Конфигурацијата на трасата е погодна за големи брзини, но, како што напоменуваат организаторите, вреди да се запамети дека прекумерната брзање води до губење време, особено кога станува збор за правилна навигација.
Топ три вкупни резултати во секоја категорија:
АВТОМОБИЛИ
1. Насер Ал-Атија (201)
Toyota Gazoo Racing
30ч10:04
2. Себастиен Леб (211)
Bahrain Raid Xtreme
+ 39:05
3. Јазид Ал-Раџи (205)
Overdrive Toyota
+ 58:44
МОТОЦИКЛИ
1. Матијас Вокнер(52)
Red Bull KTM Factory Racing
30ч14:03
2. Сем Сандерленд (3)
GasGas Factory Racing
+ 02:12
3. Адриен Ван Беверен (42)
Monster Energy Yamaha Rally Team
+ 03:56
КАМИОНИ
1. Димитриј Сотников (500)
Kamaz Master
32ч43:53
2. Едуард Николаев (505)
Kamaz Master
+ 08:51
3. Антон Шибалов(501)
Kamaz Master
+ 41:18
ЛЕСНИ ВОЗИЛА Т3
1. Франциско Лопез Контардо (305)
EKS - South Racing
35ч47:12
2. Себастијан Ериксон (306)
EKS - South Racing
+ 1ч19:51
3. Фернандо Алварез (309)
South Racing Can-Am
+ 3ч06:21
2022 ДАКАР: ТРОЈНА ПОБЕДА ЗА ТОЈОТА
1/11/2022 08:21:00 PM
0
Share to other apps