Промоторите на овој настан се надеваат и веруваат дека во 2022 година нема да има такви компликации, а трката ќе се одржи на 10 април, како што е планирано. Неодамна беше завршена реконструкцијата на патеката, инвестиција со вредност од 20 милиони долари, која ќе се исплатат само ако продолжи нормалното функционирање на Австралиското Гран При.
Денес, компанијата Гран При Австралија, промотор и организатор на настанот го објави првиот дел од документарната серија "Еволуцијата на Алберт Парк" посветена на тоа како се одвиваа работите на патеката.
Во првата епизода, втората излегува на 31 Јануари, се нагласува дека во текот на претходниот четврт век патеката речиси и не претрпела измени, па било редно конечно да има сериозна реконструкција.
Даниел Рикиардо, единствениот претставник на Австралија во Формула 1, го сподели своето мислење на оваа тема:
"Мислам дека главната цел на новата конфигурација на Алберт Парк е да придонесе за поспектакуларна борба на патеката, да создаде повеќе можности за претекнување. Тоа е одлична патека, но отсекогаш беше доста тесна, па претекнувањето беше тешко."
"Сега е направен обид да се реновираат одредени делови од патеката, што ќе ги зголеми шансите да се биде пред ривалите при сопирање. Мислам дека овој пат фановите ги чека спектакл од малку поинаков вид!"
Во филмот се појавува и Мајкл Маси, тркачкиот директор на ФИА, кој стана екстремно популарен по настаните во Абу Даби. Тој вели дека сите промени на Алберт Парк се направени во договор со федерацијата, но во предвид биле земени и мислењата на тимовите и возачите.
Марк Скајф, еден од авторите на проектот за реконструкција на патеката, ја коментираше суштината на промените. Според него, со сите измени било важно да се задржи посебниот карактер на патеката во Мелбурн, па така конфигурацијата на повеќето свиоци останала иста, но сега тие ќе имаат повеќе простор во внатрешноста.
Исто така, за време на реконструкцијата, пит-линијата била проширена од 12 на 14 метри за да ги исполни стандардите на модерната Формула 1.
Генерално, првата епизода од филмот е еден вид приказна за историјата на проблемот и текот на реконструкцијата, а во втората епизода публиката ќе ја види новата конфигурација во полн сјај.
Филмот завршува со зборовите на Даниел Рикиардо: "Доколку сето она што беше ветено за новите 2022 болиди се оствари, а квалитетот на трките се подобри, тогаш благодарение на сите овие промени на патека како Алберт Парк, сите треба да видите навистина блескав спектакл."
ПРВА ЕПИЗОДА - The Brand New F1 Australian Grand Prix Circuit
ВТОРА ЕПИЗОДА: What's Changed at Albert Park
Во втората епизода подетално се разгледува конфигурацијата на новата патека, што ќе се случува со времињата по круг и зошто фановите ќе бидат во добивка со промените.
ТРЕТА ЕПИЗОДА: Albert Park's New High Speed Straight
Во третата епизода, се комплетира виртуелниот круг на патеката, вклучувајќи ги шиканите на свиоците 9 и 10, дополнителната DRS зона и новите места за публиката. Епизодата ги прикажува придобивките за локалната заедница.
ЧЕТВРТА ЕПИЗОДА: The Completed Circuit & 2022
Во последната епизода се откриваат завршните финеси на патеката и им дава на фановите прв поглед на сосема новата патека Алберт Парк, додека ги добиваме првите впечатоци од некои од најголемите имиња во Ф1.