"F1 in Schools" е уникатен глобален мултидисципилинарен натпревар во кој тимови од ученици на возраст од 9 до 19 години користат CAD/CAM софтвер за да соработуваат, анализираат, дизајнираат, произведуваат и тестираат минијатурни Ф1 болиди.
Тимот е задолжен да дизајнира, конструира и да се трка со најбрзиот болид на иднината, придвижуван од цилиндри со CO2. Тие мора да следат строги прописи, слични на оние во Формула 1, на пример: тркалата на болидот мора да бидат во контакт со патеката во текот на целата трка. Мини болидите се возат на патека долга 20 метри со две ленти (два болиди се тркаат истовремено).
Натпреварот е одлична шанса за учениците да научат физика, аеродинамика, дизајн, производство, лидерство, тимска работа, маркетинг, финансиски стратегии, графика и да ги применат за целите на натпреварот.
Воедно, тој е единствената глобална платформа која ги спојува Формула 1 и младите ентузијасти. Aerth Racing е првиот тим од Република Македонија кој ќе се натпреварува на ваков натпревар.
Тимот се состои од 5 члена на возраст од 14 до 17 години. Нивна цел е да го прикажат најдоброто што го нуди Македонија во однос на технологија, наука и иновации, а за што подобро претставување имаат потреба од финансиски средства, т.е. спонзори. Споделете за да им помогнеме...
За напредокот на тимот е клучна и соработката со Машинскиот факултет при УКИМ.
За повеќе информации, заследете ги профилите на Aerth Racing на:
ЛИНК - INSTAGRAM: https://www.instagram.com/aerthracing
ЛИНК - FACEBOOK: https://www.facebook.com/aerthracing
AERTH RACING MACEDONIA - F1 IN SCHOOLS
1/24/2022 08:30:00 PM
0
Share to other apps