Пеколното темпо на релито Дакар повторно беше прикажано за време на третата етапата од 255 километри која се одвиваше во близина на Ал Каисума, и покрај тоа што таа беше скратена за 100 километри поради обилните дождови во регионот.
Шпанската легенда Карлос Саинц напиша уште едно поглавје од историјата на Дакар, забележувајќи ја првата етапна победа во T1-Ultimate категоријата резервирана за возила со алтернативен погон.
Саинц со неговиот Audi RS Q e-Tron ја забележа неговата 40-та етапна победа на Дакар релито. Втор последователен ден без етапна победа за Насер Ал-Атија, но сепак, возачот на Toyota Hilux T1+ успеа да го зголеми своето водство во категоријата на автомобили на над 37 минути.
Французинот Себастиен Леб беше достоен противник на Ал-Атија низ дините, но губењето на погонот на четири тркала на неговиот BRX Hunter го чинеше деветкратниот победник на WRC многу време.
Ретки беа тие што се сомневаа во доминацијата на КАМАЗ, но дека толку ќе доминираат и ќе го имаат целиот победнички подиум речиси на секоја етапа досега, најверојатно никој не ни помислуваше. Досега единственото прашање е кој од возачите на рускиот тим ќе биде побрз на овој или оној ден.
Денес, најбрз беше екипажот на Димитриј Сотников, за кого ова е веќе втора етапна победа на 44-тото Дакар рели. Триото, во кое покрај него се и Руслан Ахмадеев и Илгиз Ахметзијанов, продолжува да води во својата класа по резултатите од првите три натпреварувачки дена.
Второто место денеска го зазеде екипажот на Андреј Каргинов, кој победи на вчерашната етапа, додека холандско-полското трио Тим де Рој Ивеко составено од Јанус ван Кастерен, Марсел Снајдер и Дарек Родевалд, кои загубија повеќе од три минути од лидер, се искачија на третото скалило од подиумот.
Португалецот Јоаким Родригез беше најдобар кај мотоциклистите, го вози индискиот мотоцикл Hero 450 Rally, но во генералниот пласман го зазема само 17-тото место. Британецот Сем Сандерленд го задржа водството во генералниот пласман, но само со 4 секунди предност пред Адриен Ван Беверен.
Во категоријата на лесни возила, Т3, имавме уште една етапна победа за Сет Кинтеро, негова трета на релито досега, но казната од 10 часа го става далеку во поредокот.
На четвртиот натпреварувачки ден учесниците ќе треба да поминат 707 километри и да пристигнат во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија. Од нив како натпреварувачки се 465 километри, најдолго растојание во сите две недели од релито.
Трасата делумно поминува низ песочни дини, делумно на карпести терени, освен тоа, возачите ќе треба да ги минат коритата на пресушените реки повеќе од еднаш. Организаторите однапред предупредија дека ова ќе биде една од најтешките етапи во првата недела од супермаратонот.
Топ три вкупни резултати во секоја категорија:
АВТОМОБИЛИ
1. Насер Ал-Атија (201)
Toyota Gazoo Racing
09ч31:22
2. Себастијан Леб (211)
Bahrain Raid Xtreme
+ 37:40
3. Лусио Алварез (222)
Overdrive Toyota
+ 42:06
МОТОЦИКЛИ
1. Сем Сандерленд (4)
Gas Gas Factory Racing
11ч13:40
2. Адриен Ван Беверен (42)
Monster Energy Yamaha Rally Team
+ 00:04
3. Матијас Вокнер (52)
Red Bull KTM Factory Racing
+ 01:30
КАМИОНИ
1. Димитриј Сотников (500)
Kamaz Master
10ч42:32
2. Едуард Николаев (505)
Kamaz Master
+ 11:45
3. Андреј Каргинов (509)
Kamaz Master
+ 19:44
ЛЕСНИ ВОЗИЛА Т3
1. Франциско Лопез Контардо (305)
EKS - South Racing
11ч27:54
2. Себастијан Ериксон (306)
EKS - South Racing
+ 09:09
3. Павел Лебедев (312)
MSK Rally Team
+ 27:05
КАРЛОС САИНЦ ЗА ИСТОРИЈА, ПРВА ПОБЕДА ЗА ЕЛЕКТРИЧНИТЕ АВТОМОБИЛИ
1/04/2022 06:46:00 PM
0
Share to other apps