Астон Мартин го потврди заминувањето на Отмар Сафнауер од позицијата на тимски шеф. Името на неговиот наследник ќе биде објавено подоцна, но во меѓувреме неговите должности ќе ги извршуваат други менаџери.
"Отмар Сафнауер ја напушти компанијата и неговата улога во ф1 тимот на Астон Мартин, кој до дека не се назначи негова замена ќе биде раководен од останатиот менаџерски персонал. Би сакале да му се заблагодариме за неговата тимска работа во изминатите 12 години и да му посакаме добро во иднина. Не се сомневаме дека ќе најде нови предизвици."
"За среќа, тимот е предводени и управуван од силна група на поединци, па ние имаме време да ги истражиме различните опциите пред да објавиме новата тимска структура. Фокусот на тимот во моментов е на подготовка на најконкурентниот можен болид за почетокот на 2022 сезоната", се вели во официјалното соопштение.
АСТОН МАРТИН ОСТАНА БЕЗ ТИМСКИОТ ШЕФ
1/05/2022 02:38:00 PM
0
Share to other apps