Третиот ден од тест сесијата во Барселона се покажа како најбогат со настани за оваа недела. По досадните кругови за собирање информации, тимовите и возачите се обидоа да го проценат потенцијалот на новите болиди.
Видовме поагресивни поставки на ПЕ, најмеките смеши, проценка за напад, па многу возачи беа прилепени зад други болиди, обидувајќи се да разберат колку новата регулатива го олесни претекнувањето.
Следува втората тест сесија во Бахреин, но пред неа тимовите ќе имаат две недели во кои може да се решат некои проблеми, но после тоа речиси веднаш следува првата трка од сезоната.
Во овој тек на настани, последниот ден од првата тест сесија беше клучен. Но, денес имавме најмногу периоди на црвени знамиња. Тимот на Алпин мораше предвреме да ја заврши програмата по инцидентот во утринскиот дел од сесија кога пукна цевка од хидрауликата и болдиот на Фернандо Алонсо се запали. Неговиот заден крај беше речиси целосно изгорен, немаше резервни делови, по што Фрацузите почнаа да се пакуваат.
Потоа чадот почна да излегува и од болидот на Себастијан Ветел, AMR22. Истекување на горивото доведе до пожар и маршалите повторно мораа да користат противпожарни апарати. Успешно помогна и маршалот Себ. Тимот на Астон Мартин, исто така, ја заврши својата тест програма пред предвидениот крај.
Малку подоцна, Пјер Гасли излета во петтиот свиок, по што сесијата беше прекината по втор пат со црвени знамиња. Потоа двапати излета дебитантот во Алфа Ромео, Гуанју Џоу, сесијата повторно беше прекината, а возачите мораа да ја прекинат серијата кругови и да се вратат во своите гаражи.
Бурен ден имаше и тимот на Хас. Ноќта се занимаваа со одлепување на логоата на Уралкали, главниот нивни спонзор, а утрината Никита Мазепин извозе само девет круга поради истекување на масло, а Мик Шумахер воопшто не можеше да излезе на патеката.
Дефектот се покажа како сериозен, беше невозможно да се поправи на самото место, по што тие беа третиот тим што ја заврши својата програма пред предвиденото. Честите црвени знамиња ги спречија возачите да комплетираат на раат долга серија на кругови во попладневните часови.
За време на паузата, повеќе цистерни полни со вода излегоа на патеката да го наводенат асфалтот во обид да се тестираат гумите на Пирели за влажна подлога. Температурата беше висока, па болидите брзо ја исушија патеката, така што зелените и сини гуми беа тестирани само неколку минути.
Последните часови возачите ги поминаат на гумите за суво време, немаше поголеми проблеми и инциденти со оглед малиот број болиди на патеката. Најбрзото време го забележа Луис Хамилтон на C5 смешата, а воедно Британецот имаше најголем број комплетирани кругови.
Како што напоменавме, следната тест сесија ќе започне на 10 март на патеката Сахир во Бахреин, по што ќе следи првата трка од новата ера и новата Ф1 сезона.Се надеваме дека ќе може да се носи со популарноста на мината, кога Макс Ферстапен за прв пат во својата Ф1 кариера ја освои шампионската титула.
МЕРЦЕДЕС АМГ НАЈБРЗ, ПРВИ ПРОБЛЕМИ ЗА ТИМОВИТЕ
2/25/2022 10:16:00 PM
0
Share to other apps