На февруарската презентација на Алпин, А522 беше претставен во две верзии на обојување, во едниот случај доминираше традиционалната сина боја, во втората розова, боја која порано беше силно поврзана со друг тим, но сега ќе стане една од главните бои на Алпин, по доаѓањето на австриската компанија BWT.
Беше најавено дека болидите на тимот ќе бидат розови за првите две трки од сезоната, Големата Награда на Бахреин и Саудиска Арабија, за да го означат почетокот на оваа соработка. Во текот на вчерашниот ден Естебан Окон и Фернандо Алонсо работеа на патеката во сината верзија, но денес на патеката по прв пат се појави розевата верзија на А522, што веднаш го привлече вниманието на сите. Згора на тоа, Естебан Окон го забележа најбрзото време.
Остануваат само два дена до крајот на тестовите, денес и утре и сите се надеваат дека сите тимови ќе имаат барем една целосна симулација на трка, но тоа не е случај. Утринава, само двајца возачи извозеа растојание на една цела трка, Естебан Окон и Џорџ Расел.
Ландо Норис е повторно во болидот на Мекларен, поради тоа што неговиот тимски колега, Даниел Рикиардо, се уште не чувствува добро. Вчера извозе релативно малку круга, само 50, а денеска повторно имаше проблеми со сопирачките, па по шест круга се врати во својата гаража. Откако изгуби повеќе од два часа, Ландо повторно се најде на патеката.
Во Хас, Мик Шумахер не излезе веднаш на патеката поради истекување на масло, а потоа предвреме ја заврши сесијата поради проблеми со издувниот систем. Во попладневните часови на негово место ќе дојде Кевин Магнусен, кој по една година пауза се враќа во Формула 1.
Утринскиот дел на сесијата во Бахреин беше прекината со црвени знамиња поради инцидент со болидот на Вилијамс. На болидот од Николас Латифи се запалија задните сопирачки. Тој се обиде да дојде до боксот, но пожарот ги оштети гумите и тој излета од патеката.
Маршалите веднаш се упатија кон болидот со ПП апарати, но првиот што стигна на лице место, кога започна да го гаси пожарот, тркалото експлодираша. Потоа и самиот Латифи зеде противпожарен апарат да помогне во гаснењето на пожарот.
Според првичната истрага на тимот, оштетувањата што ги предизвикал пожарот биле прилично мали, иако однадвор изгледаше доста драматично. Штом ќе го проценат обемот на потребните поправки, ќе се прилагоди текот на нивната тест програма.
Астон Мартин исто така ја заврши сесијата пред предвиденото. Околу еден час од финишот, Себастијан Ветел, мораше да го паркира својот болид надвор од патеката, а неговото извлекување помина без црвени знамиња.
На 15 минути пред крајот на сесијата повторно се појавија црвени знамиња, но не поради болидите. ФИА одлучи да ја тестира ажурираната верзија на софтверот што се користи во случај на прекин на трката, стоечки старт и дополнителен круг за загревање, но се заврши со уште едно црвено знаме поради проблеми со болидот на Валтери Ботас.
Сите пишуваат за проблемот со вертикалните осцилации на болидите на правците, кои првично беа откриени пред две недели на тестовите во Барселона. На тестот во Бахреин, тимовите бараат решение за да постигнат постабилен проток на воздух без губење на брзината на правците.
Ферари го редизајнираше подот и денес тестира решение слично на подвозјето на Мекларен. Алфа Ромео, Ферари, Мерцедес АМГ, Алфа Таури и Хас се обидоа да ја зголемат цврстината на подот со три дополнителни краци.
По сите овие проблеми, ФИА е пртисната од повеќето тимови да ја зголеми минималната тежина на болидите за уште неколку килограми, поради безбедносни причини.
РОЗЕВИОТ АЛПИН МНОГУ ПОБРЗ ОД СИНИОТ
3/11/2022 12:23:00 PM
0
Share to other apps