Традиционална локација за зимските тест сесии беше патеката Каталуња, но втора година по ред тие ќе се одржат и во Бахреин, патека која доби шанса по пандемијата.
Ова значи дека на тимовите и возачите не им е потребна топла облека, што се употребуваше во Каталонија. Во Бахреин климата е сосема поинаква. Температурите се прилично летни, а времето е попредвидливо, затоа, додека работите на патеката, можете да добиете порепрезентативни информации за однесувањето на болидите и гумите.
Една од најрелевантните карактеристики на Формула 1 во 2022 година ќе бидат новите 18-инчни гуми на Пирели, вградени во новите болиди. Се менува големината на бандажите, додавајќи пет инчи на дијаметарот што се одржуваше од 1960-тите, со компактни, високо профилни пневматици, кои што се во употреба повеќе од половина век.
Сега е време за помодерен пристап. Со поголем акцент на технолошката близина со пневматиците за патничките автомобили, како и естетиката. Новите пневматици ќе ја има истата ширина на шарата како досега, 305 милиметри напред и 405 милиметри позади, но малку поголем дијаметар, кој расте од 660 милиметри на 720 милиметри.
Најзначајната промена е намалувањето на страничниот ѕид, па сега ќе наликуваат на нископрофилните гуми на Пирели, кои со години се претпочитаа како најдобар избор за водечките марки на спортски автомобили.
Намалениот профил значи дека гумите ќе се деформираат помалку, што значи дека нивното влијание врз целокупната аеродинамика на болидите ќе биде помало. Сето тоа треба да фаворизира блиски трки.
Смешите за 18-инчните гуми исто така ќе бидат целосно нови, за да се обезбеди максимална конзистентност и помалку прегревање. Ќе бидат достапни 5 смеши за Ф1 шампионатот за 2022 година, од кои три ќе бидат номинирани за секој тркачки викенд, исто како што е случај во моментов.
Резултатите се секогаш релативни, но тимовите внимателно ќе се следат еден со друг. Како и секогаш, никој нема да знае кој има колку гориво во резервоарите и какви модови на ПЕ се користат, но, денес инженерите се опремени со многу алатки за работа и прибирање на информации, што најверојатно ќе им овозможи да го проценат соодносот на силите на гридот. Дали тоа ќе го споделат со јавноста е друго прашање.
Тестовите се важни и за возачите кои ги променија тимовите, тие ќе треба што побрзо да се прилагодат на тимот и сите оперативни процедури. Сепак, за да добиеме јасна претстава за рамнотежата на силите, ќе мора да почекаме на првата трка.
Утре ќе видиме доста новитети на болидите, нешто сопствено, нешто копирано. Ако во Барселона тимовите главно собираа информации за споредба со податоците од воздушните тунели и симулаторите, тогаш во Бахреин тие би требало да посветат повеќе внимание на екстрахирање на брзината. Па затоа по резултатите од вториот тест ќе имаме пјасна слика за распоредот на силите.
Кога сме на оваа тема да напоменеме на главната шпекулација која ја изнесоа италијанските медиуми, кои наголемо пишуваат за болидот на Мерцедес АМГ, кој во Бахреин би можело да се појави без страничните отвори за ладење, т.е. тие би биле минимизирани до максимум.
Според гласините, кога инженерите на Мерцедес АМГ решиле да го тестираат болидот без страничните отвори за воздух, зголемувањето на ефикасноста било толку сериозно што почнале да развиваат таква опција за конфигурација, префрлајќи ги системите за ладење во горниот дел за довод на воздух.
Тимските шефови на останатите тимови, наводно, се вознемирени од оваа одлука, а нивната загриженост се должи на фактот што е невозможно за брзо време да се копира ова решение со оглед на буџетските ограничувања и намаленото време во воздушните тунели.
Хас ќе го пропушти утринскиот дел на првиот ден од тест сесијата, но се надева дека ќе има време да го подготви болидот за попладневниот дел, кога во болидот ќе седне Пјетро Фитипалди.
Попладнево тимот излезе со соопштение дека Кевин Магнусен се враќа во тимот и ќе биде тимски колега на Мик Шумахер во 2022 година.
РАСПОРЕД НА ВОЗАЧИ ЗА ВТОРАТА ТЕСТ СЕСИЈА | |||
ТИМ | ЧЕТВРТОК, 10/3/2022 | ПЕТОК, 11/3/2022 | САБОТА, 12/3/2022 |
Мерцедес АМГ | Хамилтон/Расел | Расел/Хамилтон | Хамилтон/Расел |
Ферари | Леклер/Саинц Јр. | Саинц Јр./Леклер | Леклер/Саинц Јр. |
Ред Бул | Серџо Перез | Макс Ферстапен | Перез/Ферстапен |
Мекларен | Рикиардо/Норис | Даниел Рикиардо | Ландо Норис |
Алпин | Алонсо/Окон | Естебан Окон | Фернандо Алонсо |
АлфаТаури | Пјер Гасли | Јуки Цунода | Гасли/Цунода |
Астон Мартин | Ветел/Строл | Ветел/Строл | Строл/Ветел |
Алфа Ромео | Џоу/Ботас | Ботас/Џоу | Џоу/Ботас |
Хас | ХХХ/Фитипалди | Шумахер/Магнусен | Магнусен/Шумахер |
Вилијамс | Алекс Албон | Николас Латифи | Латифи/Албон |
@МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |
Работниот ден ќе започнува во 10:00(08:00 MK) и ќе трае до 19:00(17:00 MK) часот со едночасовна пауза за ручек од 14:00-15:00(12:00-13:00 MK).
Формула 1 и ФИА, за разлика од Барселона, за Бахреин даде дозвола сесијата да се пренесува во живо на дигиталната платформа F1 TV Pro, како и на телевизиски канали на британскиот и италијанскиот Sky F1.