Во воведот за тест сесијата напишавме дека главна тема на разговор се гласините дека болидот на Мерцедес АМГ ќе претстави нова верзија на W13 која ќе нема странични отвори за воздух или тие би биле минимизирани до максимум. Утрово тоа беше потврдено во пракса.
Според гласините, кога инженерите на Мерцедес АМГ решиле да го тестираат болидот без страничните отвори за воздух, зголемувањето на ефикасноста било толку сериозно што почнале да развиваат таква опција за конфигурација, префрлајќи ги системите за ладење во горниот дел за довод на воздух.
Копирањето на ваквото решение, доколку се покаже како ефикасно, нема да биде лесно, ривалите ќе треба да го променат внатрешниот распоред на болидот и да поминат нови Crash тестови, што во услови на ограничени буџети не е лесно остварлива цел.
Новата сезона започнува следната недела, а доколку за време на тестовите во Барселона тимовите ги криеја најинтересните новитети, работејќи со болиди во основната конфигурација, тогаш во Бахреин ја донесоа опремата која, иако со мали измени, ќе се користи во текот на првата трка.
Тимот на Хас ги прикажа новите бои, но за нив, поради доцнење на опремата, тестовите ќе започнат дури по паузата ручек. За прв пат, го видовме и болидот на Алфа Ромео во неговите тркачки бои, тим кој за време на тест сесијата во Барселона, користеше камуфлажно обојување.
Имаше помали инциденти, на повеќе возачи при сопирање им блокираа тркалата, но без последици по болидите. Гуанју Џоу застана на почетокот на пит линијата, па неговите механичарите мораа да го враќаат неговиот болид во гаражата, но тој набрзо, повторно се најде на патеката. Како и на тест сесијата во Барселона болидите имаа вертикални осцилации на правците, што значи дека овој проблем сè уште не е им решен.
Поради проблеми со сопирачките, Мекларен мораше да ја заврши сесијата пред предвиденото. Даниел Рикиардо не се чувствувал добро, па затоа денот го започна Ландо Норис. Најбрзото време го забележа, кој друг ако не Ферари, а зад воланот на Ф1-75 беше Чарлс Леклер.
Времињата засега не значат многу, со толку високи температури и лоши услови на патеката. Последниот час од денешната сесија, можеби ќе биде пресуден некои од тимовите да ги отклучат вистинските перформанси на своите болиди. По еден час пауза, тестовите ќе продолжат.
ФЕРАРИ НА ВРВОТ
3/10/2022 12:33:00 PM
0
Share to other apps