Првиот ден од втората серија тестови не одговори на прашањата за бљалансот на силите, тимовите работеа според нивните програми со различни количини гориво. Откако го посветија утрото на аеродинамички тестови, возачите се обидоа да го поминат максималното тркачко растојание, а тоа е најважното нешто.
Мерцедес АМГ на втората тест сесија донесе болид со сосема поинаква аеродинамичка конфигурација од пред две недели во Барселона. Некои од ривалите не се задоволни од некои решенија, но Мерцедес АМГ не се сомнева дека одлуката е во согласност со правилата.
ФИА беше свесна за новитетот и не виде никакви проблеми. Друго прашање е дали тоа е вистинското решение и дали W13 ќе може да доминира, но копирањето на такво решение не е лесно.
Според аналитичарите на официјалната веб страница на Формула 1 тимот на Мерцедес АМГ го има најдоброто тркачко темпо според забележаните времиња од првиот тест ден и тоа за 0.290 делови од секундата подобро од тоа на Ред Бул.
Ова сугерира дека надградениот W13 има потенцијал да доминира во 2022 сезоната. Во наредните денови треба да се потврди неговиот потенцијал по радикалното решени на инженерите на Мерцедес АМГ.
Во тимот на Мекларен мораа да направат рокада во планиран иот распоред на возачите. Ландо Норис седна зад воланот на MCL36, наместо Даниел Рикиардо, кој не се чувствувал добро. За разлика од првата тест сесија, тимот имаше проблеми со болидот и не беа во можност да ја комплетрираат предвидената тест програма.
Хас Ф1 ја пропушти утринската сесија поради дефект на карго авионот со кој требаше да биде донесена нивната опрема, а попладнето зад воланот на болидот со нов изглед на бои седна резервниот возач Пјетро Фитипалди.
Тимот побара да му биде дозволено да го одработи изгубениот половина ден во недела наутро, но три тима се спротивставија, а Мерцедес АМГ кој ја започнал оваа забрана, се повлекол во последен момент при гласањето.
Наместо тоа, тимот на Хас ќе добива дополнително време секој ден. Денес, немаа среќа по црвеното знаме на крајот од денот предизвикано од почетничката грешка на Серџо Перез.
За прв пат, болидот на Алфа Ромео се појави со новата 2022 шема на бои, тим кој за време на тест сесијата во Барселона користеше привремено камуфлажно обојување.
Утрото, дебитантот Гуанју Џоу излета неколку пати, но патеката во Бахреин простува грешки, а потоа застана на почетокот на пит-линијата, па неговите механичарите мораа да го вратат во својата гаража.
Црвените знамиња за првпат се појавија по паузата за ручек, кога на болидот на Астон Мартин се скрши матрицата на сензори пред задните тркала. Сесијата беше прекината за да се отстранат остатоците расфрлани низ асфалтот.
Фернандо Алонсо и Алпин попладнето изгубија многу време додека механичарите работеа на рено погонската единица. По втор пат црвените знамиња беа развеани на самиот крај на сесијата, кога Серџо Перез изгуби контрола врз болидот, се изврте на патеката, но при враќањето во рикверц за да се врати на тркачката линија, не ја забележа површината со чакал и заглави во неа со задните тркала.
Најбрзото време го забележа Пјер Гасли со најмеката C5 смеша на Пирели, а тест сесијата продолжува утре по истиот временски распоред.
ПЈЕР ГАСЛИ ПРЕД ДВОЕЦОТ НА ФЕРАРИ
3/10/2022 09:46:00 PM
0
Share to other apps