Жителите на Мајами Гарденс поднесоа нова тужба со која бараат откажување на 5-тата трка од 2022 Формула 1 календарот, која треба да се одржи за три недели во Мајами.
Пристигнувањето на Формула 1 во Мајами е придружено со повеќе контроверзи кои траат до ден-денес, и покрај тоа што настанот е веќе официјално потврден.
Тужителите тврдат дека бучавата од трката и од болидите на Формула 1 би предизвикала сериозно нарушување или повреди на жителите на населбата.
Сите куќи кои се во опсег од четири километри ќе почувствувале бучава од 97 децибели. Општинските власти на Мајами планираат одлуката по оваа тужба да биде донесена во текот на следнава недела.
Дополнително, организаторите на Мајами ГП-то се уште немаат добиено дозвола за одржување на овој "специјален" спортски настан, но претпоставуваат дека тоа ќе биде чиста формалност.
Сепак и покрај сите контроверзи, првото гостување на Формула 1 во Мајами е се поблиску до реалност, но се чини дека нема да тече како што било првобитно планирано.
Организаторот заостанува со изградбата на повеќето трибини, а посакуваната парада на тимски шефови, не беше одобрена од раководството на Формула 1.
21.04.2022 UPDATE: Окружниот судија Алан Фејн ја отфрли тужбата, истакнувајќи дека жителите можат да избегнат потенцијална штета со користење на ушни чепчиња или да останат дома за време на сесиите.
Судијата ги нарече аргументите за нивото на бучава шпекулативни и не засновани на најновите информации за нивото на бучава во Формула 1. Со тоа, одржувањето на Големата Награда на Мајами, 6-8 Мај 2022 не е доведено во прашање.
Сепак, судијата остави опција жителите да поднесат тужба по завршување на тркачкиот викенс, врз основа на новите информации за бучавата. Така, во иднина не се исклучени нови судски спорови.
Ф1 БОЛИДИТЕ СЕ ПРЕМНОГУ БУЧНИ
4/15/2022 08:03:00 PM
0
Share to other apps