Макс Ферстапен отсекогаш се истакнувал по тоа што има агресивен стил на возење, нешто што според Хелмут Марко не му оди во прилог со новата генерација Ф1 болиди.
Додека Серџо Перез имаше силен почеток на сезоната, па дури и ја освои Пол позицијата во Саудиска Арабија, Ферстапен не е задоволен од однесувањето на РБ18 и допрва треба да го најде вистинскиот баланс.
"Перез е задоволен од подесувањето на болидот. Макс смета дека сè уште го нема пронајдено вистинскиот баланс и нема целосна доверба во РБ18. Неговиот агресивен стил на возење не соодвествува со новите болиди"
Како последица на тоа, Перез е многу поблиску до Ферстапен на патеката. Минатата сезона имаше големи разлики во перформансите меѓу двајцата возачи, а оваа година ситуацијата е многу порамномерна.
"Перез е многу поблиску до Макс отколку во 2021 година. Едноставното објаснување за ова е дека новите болиди, со помала потисна сила, на некои возачи им одговараат подобро од другите."
"Но, и покрај сè, сите во тимот сме оптимисти за освојување на шампионските титули, бидејќи има уште 20 трки до крајот, со повеќе од 500 поени во игра."
Советникот на Ред Бул е убеден дека проблемите со прекумерната тежина на РБ18 ќе бидат решени за трката на патеката Каталуња, која е домаќин на Големата Награда на Шпанија.
Тој тврди дека нивниот нов болид е десет килограми потежок од тој на Ферари, па тимот од Маранело има предност од три десетинки по овој фактор.
Надградбите планирани за Имола и Мајами во принцип нема да бидат претерано релевантни, а она вистинското е планирано за Шпанија.
МАКС ИМА ПРОБЛЕМ СО НОВАТА ГЕНЕРАЦИЈА Ф1 БОЛИДИ
4/20/2022 07:36:00 PM
0
Share to other apps