Серџо Перез ги извозе првите кругови со Формула 1 болид низ улиците на Мајами, град кој за неколку недели треба да дебитира во календарот на најпопуларниот мотоспорт.
Мексиканецот го направи своето прво комерцијално патување како возач на Ред Бул. Користениот болид е RB7, со кој Себастијан Ветел ја освои неговата втора шампионска титула, пред повеќе од десет години.
Тимот на Ред Бул е познат по егзибициите од овој тип со кој се промовира Ф1 насекаде низ светот. Пред првата трка за Големата Награда на Мајами, тимот претстави мини-филм за тоа како Серџо Перез патувал од Њујорк до Мајами зад воланот на Формула 1 болид.
Серџо возеше низ улици на Големото јаболко, ги помина мочуриштата на Еверглејдс и го заврши своето патување на стадионот Хард Рок, околу кој е направена патеката за Формула 1.
"Уживав во првото патување со Ред Бул. Се сеќавам дека Даниел Рикиардо возеше преку мостот Голден Гејт пред неколку години со Формула 1 болид, но никогаш не мислев дека ќе се вклучам во вакво нешто."
"Мислам дека Мајами е совршено место за Формула 1, интересен град во кој можете да ја почувствувате неговата енергија. Патеката исто така изгледа неверојатно, па со нетрпение очекувам да се сретнам со фановите."
"На патеката во Остин секогаш се чувствувам како дома, мислам дека така ќе биде и во Мајами."
НАСКОРО ВИДЕО (СЕ ПРИКАЧУВА)

Share to other apps