F1 in Schools го објави датумот, 9-15 Јули, и местото на финалниот натпревар за 2022 година, легендарната патека Силверстоун. 17-тото издание на Светското финале на Aramco F1 in Schools ќе ги промовира извонредните достигнувања на STEM, обединувајќи над 40 тимови од целиот свет, кои се натпреваруваат за шампионската титула.
Исто така, ќе бидат доделени трофеи во повеќе категории, поддржани од Ф1 тимовите, како управување со проекти, инженерство, одржливост, спонзорство и маркетинг.
Силверстоун, домот на Големата Награда на Британија, која ќе се одржи непосредно пред овогодинешното финале, е соодветно место за настанот. Познатиот објект во форма на крило ќе ги обезбеди сите капацитети и простор потребни за овој хибриден настан.
F1 in Schools е уникатен глобален мултидисципилинарен натпревар во кој тимови од ученици на возраст од 11 до 19 години користат CAD/CAM софтвер за да соработуваат, анализираат, дизајнираат, произведуваат и тестираат минијатурни Ф1 болиди.
Секој тимот е задолжен да дизајнира, конструира и да се трка со најбрзиот болид на иднината, придвижуван од цилиндри со CO2. Тие мора да следат строги прописи, слични на оние во Формула 1, на пример: тркалата на болидот мора да бидат во контакт со патеката во текот на целата трка. Мини болидите се возат на патека долга 20 метри со две ленти (два болиди се тркаат истовремено).
Натпреварот е единствената глобална платформа која ги спојува Формула 1 и младите ентузијасти. Aerth Racing е првиот тим од Република Македонија кој ќе се натпреварува на ваков натпревар. Тимот се состои од 5 члена на возраст од 14 до 17 години.
Нивна цел е да го прикажат најдоброто што го нуди Македонија во однос на технологија, наука и иновации. Како што и претходно напишавме, за што подобро претставување имаат потреба од финансиски средства, т.е. спонзори.
Засега имаат подршка и соработката со Машинскиот факултет при УКИМ, како и агенцијата за млади и спорт.
Тимови кои ќе присуствуваат на овој настан ќе имаат шанса да посетат повеќе објекти, како и фабричка обиколка на одредени Ф1 тимови кои имаат база во Велика Британија.
За повеќе информации, заследете ги профилите на Aerth Racing на:
ЛИНК - INSTAGRAM: https://www.instagram.com/aerthracing
ЛИНК - FACEBOOK: https://www.facebook.com/aerthracing
СИЛВЕРСТОУН ДОМАЌИН НА 2022 ФИНАЛЕТО ОД F1 IN SCHOOLS
4/17/2022 08:24:00 PM
0
Share to other apps