Кевин Магнусен не возел Формула 1 болид повеќе од една година, но кога се врати во тимот на Хас, брзо ја совлада новата генерација на болиди и добро ја започна сезоната, освојувајќи поени на првите две трки.
За жал, истото не може да се за неговиот тимски колега, Мик Шумахер. Во Бахреин тој заврши на 11-то место, но да речеме дека поради судирот со Естебан Окон беше спречен да се претстави подобро.
Но, на трката за Големата Награда на Саудиска Арабија, Мик воопшто не стартуваше, бидејќи во квалификациите имаше потежок инцидент и го уништи својот болид, овој пат исклучиво по негова вина.
VF-22 беше толку оштетен што од тимот на Хас избраа да не го поправаат набрзина, туку мирно да се подготват за трката во Австралија. Инцидентот треба да го разгледаме и од аспект на ограничениот буџет и со тоа ограничените резервни делови, толку далеку од базите на тимовите.
Од една страна, Шумахер не се смета за возач склон на инциденти, барем така беше во пониските шампионати, но во дебитантската Ф1 сезона тој имаше повеќе вакви излетувања во Монако, Франција, Унгарија и Саудиска Арабија.
Тимот беше принуден да троши пари за поправка на неговиот болид, но тогаш барем не беа во борба за поени, а статусот дебитант ги оправдуваше некои грешки. Но, сега ситуацијата е променета.
Новиот болид на Хас овозможува борба за поени, а Магнусен успешно го докажа тоа. Сите тимови имаат на располагање 140 милиони долари, а дел од нив се предвидени за вакви инциденти. Но оштетувањето на болидот на Шуми Јр. е премногу големо, па постои ризик дека неговата поправка би можело оваа резерва да ја потроши целосно и да го натера тимот да прави ребаланс на буџетот.
Гинтер Штајнер, шефот на Хас Ф1, рече: "Ако, при ограничени буџети, имате инциденти на кои треба да потрошите половина милион за поправки, тоа значи дека имате половина милион долари помалку за надградби на болидот или развој на нови делови. Со таа сума може да направите многу!"
Од друга страна, доколку Мик Шумахер не се подобри и започне да освојува поени ќе биде незгодно и за неговата возачка репутација и за успешно спроведување на амбициозните планови на тимот. За разлика од минатата година, сега цената на грешките не се мери само во пари.
ВОЗАЧКАТА РЕПУТАЦИЈА НА ШУМИ ЈР. ПОД СЕРИОЗНА ЗАКАНА
4/03/2022 08:21:00 PM
0
Share to other apps