Покрај големите технички промени за новата 2022 сезона во Формула 1 шампионатот, направени се и бројни модификации на форматот на тркачкиот викенд и спортските прописи.
Какво влијание имаат овие промени врз тоа како работат возачите и тимовите?
Погуст временски распоред и полициски час.
Количината на акција на патеката останува иста за 2022 година, но распоредот е малку променет. Двете петочни тренинг сесии се преместени подоцна во текот на денот, а медиумскиот ден од четврток е преместен во петок наутро. За механичарите и инженерите, тоа значи погуст, збиен временски распоред, со помалку време да работат на болидите, да се подготват за сесиите и потоа да ги анализираат податоците.
Сега има полициски час во среда, 19:00 часот за Австралија, што значи помалку време за започнување на подготвителната работа, додека работното време во четврток е 08:00 до 19:00 часот, за Мелбурн.
Единаесетчасовниот работен ден е пократок во споредба со претходните години и на тимовите им е дозволено да ги стартуваат болидите само во одредено време, на пример 16:00 часот на европските патеки. Генерално, тоа е поограничена временска рамка за склопување на болидите и го отежнува доцнењето на донесувањето на нови делови.
Во петок, има помалку време за работа на болидите, особено по Т2, кога што тимовите имаат само три часа пред да бидат ставени церадите на болидите, 20:00 часот во Австралија. Инженерите имаат уште неколку часа за дополнителна работа пред започнување на полицискиот час, 22:00 часот во Мелбурн, но сепак има помалку време на располагање.
Саботата е слична приказна, со помалку време по квалификациите за механичарите и инженерите да работат на болидот, церадите треба да се поставени во 19:00 овој викенд, само два часа по завршувањето на квалификациите. Секако, тоа е нов предизвик на кој ќе треба малку да се навикнете, со повеќе слободно време за членовите на тимот, но со поинтензивни периоди на работа на патеката.
Тренинг 1 - шанса за дебитанти
За време на првите тренинг сесии ќе гледаме нови лица во болидите на сите тимови, затоа што две од овие сесии треба да бидат возени од дебитанти. Ова дава одлична можност за младите возачи да стекнат искуство со Ф1 болидите.
Враќање на спринт квалификациите, сега само СПРИНТ
Во 2021 година имавме воведување на викенди со Спринт квалификации, со петочни квалификации кои го одредуваа гридот за спринт квалификациите во сабота, на кои што се одредуваше стартниот редослед на неделната трка. Минатата година имавме три такви викенди.
Спринт викендите се враќаат во 2022 година на три трки: Емилија Ромања, Австрија и Бразил. Останува предизвикот со само еден тренинг час за да се подготват болидите за квалификации, спринт и трка. Ова е уште поголем предизвик оваа година со целосно новите болиди и гуми.
Но, имаме одредени измени при овие викенди. Оваа година статистички Пол позицијата ја освојува најбрзиот возач на петочните квалификации, наместо на победникот од Спринт квалификациите.
На Спринтот сега ќе има повеќе поени за освојување. Во 2021 година, поени освојуваа само Топ 3 возачите, но сега Топ 8 возачите во Спринтот ќе добиваат поени. Најдобриот во спринтот ќе добие осум поени, а осмопласираниот возач ќе добие еден поен.
Ново Q2 правило за стартни гуми
Во претходните сезони, возачите во топ 10 пласманот во квалификациите мораа да ја започнат трката со смешата на која го забележале своето најбрзо време во Q2 сесијата од квалификациите. Оваа регулатива сега е отстранета, а Топ 10 возачите сега имаат слободен избор на смеша со која ќе ја стартуваат трката.
Ова додава дополнителна варијабла, бидејќи тимовите нема да знаат на која смеша ќе стартуваат нивните ривали се до тргање на покривките од пневматиците. Тоа значи дека не може да се прави истото ниво на планирање кога станува збор за стратегијата, но тоа ќе значи поголема разновидност на стратегии на гридот.
Прикажување на болидите
Нова карактеристика за тркачките викенди во 2022 година е прикажување на болидите, со наслов "покажи и објасни". Во петок наутро, тимовите пред своите гаражи треба да ги претстават двата болида на ФИА и Ф1, и да им ги покажат спецификациите со кои болидите ќе ја возат првата тренинг сесија.
По Квалификациите, доколку бидат избрани од ФИА, повторно ќе треба да ги претстават болидите и да покажат како еволуирале во текот на викендот. Тоа е добра можност за Ф1 фановите присутни на патеката и преку малите екрани на отворен и транспарентен начин да видат што се променило на болидите.
ВЛИЈАНИЕ НА ПРОМЕНЕТИОТ ТРКАЧКИ ВИКЕНД
4/06/2022 07:56:00 PM
0
Share to other apps