Гинтер Штајнер, по шпекулациите дека до ФИА стигнале приговори за соработката помеѓу Ферари и Хас, тимскиот шеф на овој американски тим од страна на германскиот РТЛ беше запрашан за коментар на оваа тема.
Сите компоненти кои прописите дозволуваат да се купат од трети добавувачи, Хас ги купува од Ферари.
Дизајнерскиот оддел на тимот се наоѓа во Маранело и вработува поранешни вработени во Ферари, а се користи и воздушниот тунел на Ферари.
Во таква ситуација, неизбежни се сомнежите дека Хас и Ферари во соработката би можеле да ги надминат границите на дозволеното со прописите.
Гинтер Штајнер: "Работиме исклучиво во рамките на прописите. ФИА е добредојдена да не посети и да се увери дека работиме според правилата и нема да најдат ништо што сугерира дека сме копирале некој дел од кој е составен нашиот болид."
"Секој пат кога имаме добар болид, започнуваат критиките. Ова веќе почнува да станува досадно. Секогаш е исто, сите се обидуваат да измислат нешто што не постои. Работиме во рамките на правилата, па критиките и поплаките стануваат заморни."
"Ако веќе се жалите, тогаш мора да имате силни аргументи. Не можете постојано да го повторувате истото како да сте расипана грамофонска плоча."
ГИНТЕР ШТАЈНЕР: РИВАЛИТЕ СЕ КАКО РАСИПАНА ГРАМОФОНСКА ПЛОЧА
4/21/2022 03:38:00 PM
0
Tags
Share to other apps


