Ауди никогаш не бил во Ф1, иако неговите болиди, доминираа на предвоените Гран При трки. Порше од друга страна беше во Формула 1 и како конструктор и како снабдувач со мотори. Херберт Дис додаде дека Порше веќе презема поконкретни чекори за учество во шампионатот, но тој не соопшти други детали.
Одамна е познато дека доаѓањето на Ауди и Порше во Формула 1 шампинатот е директно поврзано со новите регулативи за погонските единици кои треба да стапат во сила во 2026 година.
Не е тајна дека инженерите на компаниите учествуваа во расправата за деталите од прописите. Очигледно тие биле задоволни од параметрите на новите електрани, поради што Дис се согласил.
Познато е дека Порше преговара за соработка со Ред Бул, т.е. овој германскиот производител сака да стане нивни добавувач на погонски единици.
Што се однесува до Ауди, три тима се споменуваат во листата на потенцијални партнери на компанијата: Мекларен, Заубер и Астон Мартин.
Згора на тоа, можно е Ауди да не се ограничи на улогата на снабдувач со погонски единици, туку и да учествува во Формула 1 како фабрички тим, откако се согласил да купи или блиску да соработува со некој од трите погоре наведени Ф1 тимови.UPDATE: Откако беше објавена статијата, на Јутјуб се појави видео во кое Дис ги објаснува причините кои го воделе Фолксваген да се одлучи да се приклучи на шампионатот.
"Интересот за Формула 1 расте насекаде низ светот. Маркетинг одлуките донесени од раководството на шампионатот, плус сериите на Нетфликс, доведоа до фактот дека интересот за Формула 1 порасна во САД. Значително е зголемен интересот за првенството во Азија, вклучително и кај младата публика."
"Ако ги оцениме сите водечки спортски натпреварувања на светско ниво, тогаш само Формула 1 е важна во светот на мотоспортот, кој се повеќе и повеќе се диференцира. Ако се занимавате со мотоспорт, треба да бидете во Формула 1, бидејќи овој шампионат има најголемо влијание."
"Сепак, во Формула 1 можете да дојдете само кога ќе се отвори технолошкиот прозорец поврзан со промената на прописите, бидејќи токму во такви моменти секој треба да почне од нула."
"Маркус Дусман секогаш ми велеше дека на тркачките патеки можеш да надокнадиш една секунда во сезоната, но ако дебитираш со нов тим, ќе ти требаат пет или десет години за истото."
"Со други зборови, доаѓањето во Формула 1 има смисла само кога ќе се променат прописите. Токму тоа ќе се случи во 2026 година, кога погонските единици ќе станат поелектрифицирани и ќе се случи конечниот премин кон синтетички горива."
"Ќе бидат потребни три или четири години за да се развие нов мотор, па токму сега треба да донесете одлука за доаѓањето во Формула 1. Во спротивно, ќе треба да почекате уште десет години."
"Нашите две премиум брендови одлучија дека моментот е вистинскиот и тие и даваат приоритет на Формула 1. Нема да го има логото на Фолксваген. Формула 1 не одговара на овој бренд, па затоа нема да биде претставен."
"Порше треба да стане врвен бренд за спортски автомобили, поради што брендот е присутен во мотоспортот. Од ова произлегува заклучокот: доколку Порше учествува на трки, тогаш компанијата ќе добие најголем ефект од Формула 1."
"Ауди брендот е послаб од Порше, така што автомобилите на Ауди не можат да се продаваат во истиот сегмент со високи цени. Всушност, Ауди може да има најголема корист од учеството во Формула 1, зајакнувајќи го својот имиџ. Ауди веќе и носи на Фолкваген групацијата четири или пет милијарди годишно, но со Формула 1 ќе може да донесе повеќе отколку без неа."
"Кога ќе ви снема аргументи, можете да кажете "Не верувам во Формула 1". Сепак, постојат силни аргументи во прилог на фактот дека Формула 1 ќе продолжи да расте во иднина. Зошто да ја ограничите вашата способност да заработите повеќе пари?"
Херберт Дис додаде дека не сите од Управниот одбор на групацијата Фолксваген ја поддржале одлуката за влез во Формула 1, со оглед на оддалечувањето од моторите со внатрешно согорување.
"Одлуката не беше едногласна. Се разбира, имаме и други стратешки приоритети, кои не мора да го вклучуваат мотоспортот, како што се технологијата за автомобили без возач, ни треба развој на акумулатори за е-автомобилите, значи имаме многу други грижи освен Формула 1."
"Сепак, нашите премиум брендови рекоа дека Формула 1 е најважната алатка за зголемување на вредноста на брендот и за да може да се наплаќаат повисоки цени за сериските автомобили."
"Во случајот со Ауди, тоа е и можност да им се покаже на конкурентите дека имаат напредна технологија. Затоа, Управниот и Надзорниот одбор гласаа за учество во Формула 1. Во случајот со Ауди, останува да се одлучи во каква форма и со кој тим ќе соработуваат. Сепак, двете компании веќе почнаа да развиваат погонски единици."
Share to other apps