На нашата ФБ страница се постави прашање дали се знае вистинската причина како загинал Аиртон Сена?
Бразилецот претрпе 3 повреди кои може да се сметаат за фатални. Првата, удар на тркало во неговата кацига, туркајќи ја главата назад кон потпирачот за глава. Второ, во кацигата навлегло парче од амортизацијата. Трето дел од управувачкиот систем го прободе визирот на кацигата...
Тоа се повредите со фатални последици, е сега на што се должеше излетувањето на болидот е друга работа. По овој настан, тимот на Вилијамс заглави во долг судски спор и многу години по несреќата беше обвинет за убиство од небрежност.
Главна причина за излетувањето е неисправен систем за управување, а тоа спаѓаше под одговорност на Патрик Хед, но поради фактот што тоа беше прогласено 13 години откако се случи несреќата, Хед не беше подложен на никакви обвиненија.
Адријан Њуи, човекот кој го дизајнираше FW16, изјави: "Искренo, вистина е дека никој никогаш нема да знае што точно се случило. Нема сомнение дека управувачкиот систем откажа, но најважното прашање е кога откажа? Дали пред или за време на несреќата?"
"Имаше пукнатини од истрошеност и во одреден момент системот ќе откажеше. Нема сомнение дека неговиот дизајн беше многу лош."
"Сепак, сите докази сугерираат дека болидот не излета од патеката како резултат на откажување на управувачкиот систем..."
"Ако ги погледнете снимките од камерата, особено од болидот што го следеше, тој на Михаел Шумахер, тој не излета од патеката поради подуправливост. Тоа беше резултат на преуправливост што не е во согласност со дефект на управувачкиот систем."
"Болидот занесе со задниот дел и сите податоци сугерираат дека тоа се случило. Аиртон тоа го коригираше со отпуштање на педалата за гас, за околу 50%, што би било конзистентно со обидот да го намали занесувањето на задниот дел, а потоа, половина секунда подоцна, тој силно притиска на сопирачките."
"Се поставува прашањето зошто занесе задниот дел? По вториот круг, подот на болидот гребеше по асфалтот повеќе од очекуваното, но дотогаш притисокот во гумите требаше да се зголеми, нешто што ме наведува на помисла дека десната задна гума веројатно беше дупната од остатоците на патеката. Ако ме натераат да изберам една најверојатна причина, тоа би било тоа."
Патрик Хед, откако беше посочен како виновник, тој изјави дека несреќата е последица на грешка на возачот, теорија со која се согласи и Дејмон Хил.
Без оглед на причината за несреќата, исчезнатата црна кутија буди многу интриги во светот на Формула 1. Кој беше неидентификуваниот човек, кој непосредно кога болидот бил донесен во падокот ја зел црната кутија?!? Зошто некој би инсистирал да ја земе и уништи ако нема што да крие?!?
Како и да е, тој викенд за Големата Награда на Сан Марино останува еден од најмрачните во историјата на Гран При трките.
ВИСТИНАТА ЗА ЗАГИНУВАЊЕТО НА АИРТОН СЕНА
5/02/2022 10:58:00 AM
0
Share to other apps