Мерењата извршени од инженери на Мерцедес АМГ и Ред Бул овозможија да се процени релативната разлика во моќноста на погонските единици на трите водечки тимови.
Според германскиот АМУС, Ферари моментално го има најмоќниот мотор, кој е за 4kW (5.4КС) помоќен од моторите на Хонда на Ред Бул и 8kW (10.7KS) помоќен од моторите на Мерцедес АМГ.
Веќе во Барселона, разликата може да се зголеми со оглед на тоа што Ферари вгради ревидирана верзија на хибридниот систем, која што може да обезбеди поголема моќност за подолг временски период.
Второ, шпекулациите се дека имаат можност за поагресивно мапирање на нивната ПЕ, која е намалена од сигурносни причини.
Како ќе напредува прилагодувањето на овие поставки и дали тоа ќе овозможи поголема моќност како што напредува сезоната ќе покаже времето.
ФЕРАРИ ЈА ИМА НАЈМОЌНАТА ПОГОНСКА ЕДИНИЦА?!?
5/19/2022 02:49:00 PM
0
Tags
Share to other apps


