Договорот на Луис Хамилтон со Мерцедес АМГ истекува на крајот на 2023 година. Тото Волф, тимскиот шеф на Мерцедес АМГ изјави дека веќе разговарал со Луис за продолжување на соработката.
Според Австриецот, Хамилтон има шанса да ја надмине границата од 400 трки. Изминатиот викенд во Франција беше 300-та трка за Луис Хамилтон.
"Пред неколку недели разговаравме со Луис колку долго би можела да продолжи нашата соработка. Зборуваме за пет до десет години, така што мислам дека Луис може да достигне 400 трки. Некој еднаш рече дека требаше да освоиме повеќе од осум титули. Па зошто да не се стремиме кон десет?"
ТОТО ВОЛФ - 10 ШАМПИОНСКИ ТИТУЛИ ЗА ЛУИС ХАМИЛТОН
7/26/2022 01:09:00 AM
0
Share to other apps