Кристијан Хорнер и Матија Биното веќе подолго време даваа изјави дека титулата ќе ја решаваат ситните детали. Затоа во тимот на Ред Бул имаат јасен план за подобрување на РБ18 во вториот дел од сезоната.
Според Холандските медиуми, Ред Бул нема намера да попушти со надградбите на болидот нити во вториот дел од тековната сезона. На претстојните трки речиси секој дел од РБ18 ќе се менува кон подобро.
Сепак, тимовите имаат дополнителен предизвик оваа година, интелигентно да го искористат својот буџет за да го подобрат болидот без да претераат, бидејќи тоа е ограничено со прописите.
Планот на Кристијан Хорнер е да се победи Ферари во наредните месеци: Прво, Ред Бул ќе постави нов под на Големата Награда на Франција, за потоа да следуваат дополнителни промени на страничните отвори за воздух за трката во Холандија.
На секоја трка ќе бидат правени модификации за да се прилагоди болидот на секоја од патеките. Во Белгија и Италија, тимовите традиционално носат крила и делови кои генерираат помала потисна сила.
Иако Ред Бул веројатно веќе започна со развој на нивниот болид за 2023 година, тие ќе продолжат да го ажурираат болидот до крајот на сезоната. После Монца, следуваат трки надвор од Европа.
Се очекува нов пакет надградби во Сингапур . Покрај тоа што ќе бараат перформанси, тимот ќе продолжи да работи на тоа боидот да биде полесен и полесен. Развојниот план, се разбира, може да се промени, бидејќи поголем инцидент може да ги одложи или дури и да ги поништи подобрувањата.
Доколку Ферстапен продолжи да има релативно голема предност, тимот ќе го запре развојот на РБ18 порано и ќе се фокусира на РБ19. Е сега останува прашањето дали тимот на Ферари ќе има нешто да каже, и покаже, останува да видиме. Едно е сигурно, во Маранело нема да одмараат.
РЕД БУЛ РАБОТИ ТУРБО, НОВИ ПОДОБРУВАЊА ВО ФРАНЦИЈА, ЗАНДВОРТ И СИНГАПУР
7/14/2022 12:39:00 PM
0
Share to other apps