Шефот на Мерцедес АМГ, Тото Волф, ги обвини новите Формула 1 правила за создадената разлика меѓу првите два тима и остатокот од гридот, што ги прави трките помалку забавни отколку во минатото.
Волф го предводеше Мерцедес АМГ до осум последователни Титули во шампионатот за конструктори, што го прави овој период, статистички гледано, најдолга доминација во историјата на Ф1.
Само 11 трки подоцна, Австриецот вели дека предноста на Ферари и Ред Бул во однос на остатокот од гридот ја прави Ф1 подосадна.
"Мислам дека причината зошто имаме помалку забавни трки е затоа што има преголема разлика во перформансите меѓу тимовите."
"Ако Ферстапен исчезне далеку напред, возачите на Ферари се единствената забава за време на трката."
"Ние сме во ничија земја. Останатите се далеку назад, а потоа имаме создавање на ДРС возови. Тоа никогаш не може да придонесе за добри трки."
Треба да се напомене дека Мерцедес АМГ ја искористи промената на регулативата во 2014 година за да воспостави доминација без преседан, и тие беа единствениот тим во историјата на Ф1 кој последователно ги освои титулите од две различни регулативи, ако како таквао нешто може да се окарактеризираат промените во 2017 година.
ТОТО ВОЛФ: ДОМИНАЦИЈАТА НА РЕД БУЛ И ФЕРАРИ НОСИ ДОСАДНИ ТРКИ
7/19/2022 09:07:00 PM
0
Share to other apps