Минатата недела тркачкиот свет беше вештачки разбрануван од изречен збор на Нелсон Пике Сениор во корелација со Луис Хамилтон.
Трикратниот Ф1 Шампион понуди извинување ако некој се навредил, но сепак му суспендирана трајната дозвола за Формула 1 падокот.
За време на Британското Гран При, Пике Сениор учествуваше на трката Ле Ман Класик, каде што ја коментираше скандалозната ситуација и забраната да се појави во падокот:
Нелсон Пике Сениор: "Не ми е гајле, мојот живот нема да се промени никако. Дојдов во Ле Ман со моите пријатели и се забавуваме. Сето тоа е глупост, јас не сум расист. Не кажав ништо лошо. Јас употребив прилично благ збор, дури и ги нарекуваме нашите бели пријатели со него."
"Интервјуто беше пред речиси една година, а сега направија голема приказна од тоа. Тоа доведе до некои проблеми, но не ми е грижа. Немам реклами или јавна работа, дојдов во Ле Ман да се тркам и уживам во тоа."
"Во Бразил има проблеми, но најверојатно тоа се должи на фактот дека сум многу близок со претседателот Болсонаро и го сметам за добар политичар. Сепак, печатот во Бразил се однесува негативно кон него и прават се за да го дискредитираат, па ме користат и мене."
НЕЛСОН ПИКЕ: НЕ КАЖАВ НИШТО ЛОШО
7/06/2022 02:54:00 PM
0
Share to other apps