Светскиот совет за моторни спортови ги одобри прописите со кои се регулираат Ф1 погонските единици од 2026 година, како и измените на Техничките прописи за следната сезона.
Прописите за погонските единици од 2026 година кои денес беа одобрени ги вклучуваат техничките, спортските и финансиските регулативи. Како што објави ФИА, прописите се засноваат на четири основни столбови:
Одржување на спектаклот - ПЕ за 2026 година ќе има слични перформанси со сегашните дизајни, користејќи V6 мотори со внатрешно согорување со голема моќност и вртежи и избегнување на прекумерна разлика во перформансите за да се овозможат подобри трки.
Зачувување на животната средина – ПЕ за 2026 година ќе имаат зголемено распоредување на електрична енергија до 50% и користење на целосно еколошко гориво.
Финансиска одржливост - Финансиските регулативи во врска со погонските единици ќе ги намалат вкупните трошоци, но ќе се задржи најсовремената технологија што е во сржта на Формула 1.
Привлечни за новите производители на ПЕ - регулативите имаат за цел да овозможат и бидат привлечни за приклучување на нови производители во врвниот мотоспорт на натпреварувачко ниво.
Мохамед Бен Сулејем, Претседателот на ФИА, е задоволен од одобрението и се надева дека новите правила ќе бидат корисни за иднината на Формула 1 и воопшто мотоспортот.
"ФИА продолжува да ги поттикнува иновациите и одржливоста, низ нашето портфолио за мотоспорт, а регулативите за погонските единици во Формула 1 од 2026 година се најистакнатиот пример за таа мисија."
"Воведувањето на напредна технологија заедно со еколошките синтетички горива се усогласува со нашата цел да обезбедиме придобивки за корисниците на патиштата и да ја исполниме нашата цел за нула емисии на јаглерод до 2030 година."
"Формула 1 моментално има огромен раст и уверени сме дека овие регулативи ќе се надоврзат на возбудата што ја создадоа нашите промени во 2022 година."

Светскиот совет за моторни спортови одобри и неколку измени во Техничките регулативи на Формула 1 за 2022 и 2023 година за да се решат два клучни безбедносни проблеми, феноменот на вертикални осцилации и безбедносните стандарди на краш структурите.
Феноменот на вертикални осцилации, во комбинација со ниски висини на подот, се основна карактеристика на новите 2022 болиди. Според ФИА, појавата на овој феномен предизвика загриженост за безбедноста и здравјето на возачите.
Иако ефектот на овој феномен е помалку изразен на некои од неодамнешните трки, ФИА верува дека неговото појавување и безбедносни проблеми поврзани со ова ќе останат и потенцијално ќе станат уште полоши во иднина.
Па така, од Големата Награда на Белгија, ФИА ќе го мери овој феноменот и очекува тимовите да работат под одреден праг со цел нивниот болид да се смета за безбеден.
Дополнително, следните мерки се одобрени за 2022 и 2023 година:
Технички прописи за 2022 година
Флексибилност на централниот под - промени за да се редефинираат барањата за флексибилноста на подот и измена на начините за мерење на неговата дебелина.
Технички прописи за 2023 година
- Рабовите на подот ќе се подигнат за 15 мм.
- Висината на грлото на дифузорот ќе се подигне, при тоа внимавајќи да се избегне какво било влијание врз дизајнот на механичките компоненти на тимовите.
- Тврдината на работ на дифузорот ќе се зголеми.
- Се воведува дополнителен сензор за поефикасно следење на феноменот.
По тешкиот инцидент на Џоу Гуанју на трката за ГН на Велика Британија одобрени се нови мерки за зголемување на безбедноста на централниот рол-бар на Ф1 болидите.
По истрагата е одлучено е дека:
- Врвот на рол-барот треба да биде позаоблен, за да се спречи негово набивање во асфалтот/земјата.
- Обезбедување на минималната висина за точката на апликација во тестот за одобрување на рол-барот.
- Нов краш-тест на рол-барот кога силата дејствува нанапред.
- Дефинирање на нови тестови.
Како што објави ФИА, целта е до 2024 година да се ревидираат прописите за рол-барот за да се гарантира дека болидите на иднината ќе издржуваат поголеми оптоварувања.