Од водечките тимови Ферари прв се реши да навести дека комлплетно ќе ја промени погонската единица на болидот на Чарлс Леклер, надевајќи се дека природата на патеката во Спа-Франкоршамп ќе му овозможи да заврши на прилично високо место во поредокот.
Моначанецот одамна го исцрпи лимитот на дозволени за промена елементи на ПЕ, па така сега ќе го добие петтиот по ред мотор, а како дел од оваа замена, болидот со број 16, исто така, за прв пат ќе ја добие надградена верзија на хибридниот систем, што би требало да обезбеди одредено зголемување на моќноста.
Сето ова ќе му помогне на Леклер да се бори за победа на следните две трки во Зандворт и пред се во Монца, што е особено важно за Ферари.
Болидот на Карлос Саинц Јр. ќе ја има истата погонска единица, а со тоа од Ферари сакаат да имаат барем еден болид во борба за Победа, со оглед на тоа што има гласини дека може да бидат заменети делови од ПЕ и на некој од конкурентите, но тоа се уште не е објавено.
Трката за Големата Награда на Белгија, може да биде најдобрата шанса на Мерцедес АМГ за деби Победа во оваа 2022 сезона. Тоа ќе биде потпомогнато и со новите правилата кои стапуваат на сила, и се во нивна корист, а на штета на Ред Бул и Ферари.
Промената на ПЕ е приморана и од последниот рок, 1 септември, за хомологација на хибридниот дел од ПЕ, кој потоа исто како и моторите нема да може да биде менува во склоп на тековните правила за ПЕ, кои важат до 2025 година.
Во Мерцедес АМГ може да менуваат ПЕ без казни, издржливоста кај нив е на завидно ниво, па Џорџ Расел и Луис Хамилтон се надеваат дека ќе профитираат од тоа во Белгија.
Како и кај Ферари, Холандските медиуми најавуваат дека ќе има промена на ПЕ во болидот на Макс Ферстапен, но во Ред Бул имаат дилема за болидот на Серџо Перез, дали да менуваат или да се обидат да издржат до Монца, уште едно патека каде има можности за претекнување.
Утре се ќе биде подобро познато, бидејќи тимовите вообичаено одлучуваат за промените помеѓу петок и сабота, освен ако нема сериозен проблем. И во овој случај, најверојатно ќе има тимско надмудрување.
Ако биде случај двајцата возачи на Ферари и двајцата возачи на Ред Бул, да отпаднат од игра, во СПА ќе гледаме интересна неделна трка.
ЛЕКЛЕР ЌЕ СТАРТУВА ОД ПОСЛЕДНИОТ РЕД?!?
8/26/2022 01:42:00 PM
0
Share to other apps