Матија Биното смета дека Ферари можеше да има подобра 2022 година и верува дека негативностите се резултат на агресивниот развој на моторот и сложеноста да се работи ефикасно во рамките на буџетскиот лимит.
Тимскиот шеф на Ферари не мисли дека го имаат најдобриот болид и дека Ред Бул се поефикасни во искористувањето на нивниот болид. Тој, во интервјуто дадено за АМУС, нагласува дека двата болиди се на исто ниво и дека во зависност од патеката, предноста се менуваа кон нив или кон Ред Бул.
"Болидите практично имааат иста брзина. Не може да се каже дека едниот болид е побрз од другиот. Има патеки кои се малку подобри за нас и други во кои Ред Бул има предност. На крај, конфигурациите, надворешните услови и тоа колку возачите се на ниво на задачата е она што е одлучувачко"
Биното признава дека Ред Бул биле поефикасни на почетокот на сезоната, но верува дека се израмниле благодарение на новото задно крило.
"Ова важи и за ефикасноста на болидите. На почетокот на сезоната Ред Бул беше подобар во тоа. Имаа задно крило кое беше поефикасно кога беше активиран ДРС-системот. Го намаливме дефицитот со новото крило."
"Од тринаесет трки победивме на само четири. Ред Бул е поефикасен во овој поглед. Но, можевме да победиме осум пати без нашите проблеми, така што билансот ќе беше токму спротивен. Да, Ред Бул исто така имаше проблеми со издржливоста. Но, тие никогаш не беа во водство кога имаа дефекти. За нас секогаш беше обратно, во Шпанија, Азербејџан и Франција"
Во Ферари веруват дека тоа се должи на големиот скок во перформансите на погонската единица, што морало да биде приоритет.
"Кога станува збор за издржливоста, ние ја плаќаме цената за големиот скок во развојот што го направивме. Има многу повеќе новитети во нашиот мотор, за разлика од нашите конкуренти. Едноставно, моравме да ја надоместиме голема разлика во однос на нив."
"Дефинитивно ја плаќаме цената на тој развој. Не можевме да го пренесеме нашиот дефицит во ера во која развојот на моторот е замрзнат. Целите што си ги поставивме беа многу амбициозни, никогаш не сум доживеал толку голем скок во моите 27 години во Ферари."
"Тоа беше извонредно достигнување, особено во време кога имаме ограничено време за развој и тоа е токму она за што плаќаме во однос на изджливоста. Во некои минати времиња, ќе го зголемевме времето за тестирање и ќе започневме паралелни програми за перформанси и издржливост. Сега го немаме тој луксуз."
"Ако ги споредиме часовите поминати во развој на Хонда ПЕ, и нашите, ние секако сме во дефицит. Хонда имаше предност затоа што само го надградија постоечкиот мотор."
"Наша цел е да ги санираме проблемите што е можно побрзо. Плус, работиме на подобрување на хибридниот дел за да го користиме во втората половина од сезоната."
БИНОТО: НАПРАВИВМЕ ЧУДО СО НАШАТА ПОГОНСКА ЕДИНИЦА
8/24/2022 11:27:00 AM
0
Share to other apps