Седумгодишниот Робин Раиконен викендов за прв пат се тркаше зад воланот на картинг и веднаш го покажа талентот за брзина што го прослави неговиот татко.
Кими Раиконен одамна почнал да го учи својот син на уметноста на управувањето на овие мали машини, давајќи му го првиот картинг на својот син кога Робин имал само четири години.
Момчето возеше по картинг патеките во Швајцарија, Италија и Финска, а сега семејството на Ф1 шампионот од 2007 година одлучи дека е време Робин да се натпреварува.
Кими и неговата сопруга Минту не соопштуваат детали за трката, но очигледно се се случило некаде во Италија, а Робин учествувал во трката заедно со десетици момчиња и девојчиња на неговата возраст или малку постари.
Дебито беше доста успешно, Робин се искачи на подиумот, по што семејството гордо објави:
"Ова е првата трка од многуте што допрва следуваат! Мама и тато се горди на тебе, Асу!"
Ас(Ace) е средното име на Робин, што, се разбира, е во склад со Ајсмен, прекарот на самиот Кими. Се чини дека семејната колекција на спортски трофеи во неговата куќа брзо ќе се надополни со нови пехари.
НОВ ШАМПИОН ВО СЕМЕЈСТВОТО РАИКОНЕН?!?
9/19/2022 11:10:00 AM
0
Share to other apps