Но, тоа не остана незабележано од оние кои ја следат Формула 1. На СПА-Франкоршамп, патека каде што претекнувањето е полесно отколку во Монца, Чарлс Леклер стартуваше од 15-та позиција и успеа да дојде само до 5-тото место, иако подоцна загуби една позиција по казната од пет секунди.
Карлос Саинц Јр. имаше одличен старт. Тој освои две позиции во првиот круг на сметка на Валтери Ботас и Мик Шумахер, уште две во следниот, кога ги претекна Николас Латифи и Серџо Перез. Ако претекнувањето на првите тројца требаше да биде едноставна задача, со претекнувањето на Перез веќе јасно стави до знаење дека кам-бекот ќе биде извонреден.
Во третиот круг го "реши" Кевин Магнусен, во четвртиот Себастијан Ветел и Естебан Окон. Со претекнувањето на Ленс Строл веќе во 6-от круг се најде во Топ 10 пласман. Кога се очекуваше дека понатамошниот напредок ќе биде покомплициран, тоа не беше случај.
Тој продолжи да добива по една позиција по круг, Гуанју, де Врис, Алонсо, Норис, Рикиардо за да се најде на четвртото место во 13-от круг. Прогресот запре тука. Чарлс Леклер, Макс Ферстапен, и Џорџ Расел беа многу подалеку напред.
Доброто темпо му овозможи да се доближува до Мерцедесот на Џорџ Расел, краткотрајно се најде на третото место кога Британецот ги смени гумите, но му ја врати позицијата кога дојде редот и самиот да го посети боксот на крајот од 30-от круг.
На патеката се врати на 8-то место, и повторно со силно темпо трка кон врвот. Се најде на П7 кога Алонсо се упати кон боксот, следуваше уште едно претекнување на Перез за П6, за да се најде на П4 кога Хамилтон и Норис мораа да сменат гуми.
Со тоа имаше чиста патека пред себе и тргна во потера по Џорџ Расел кој имаше 18.7 секунди предност. Ферарито беше побрзо за секунда и половина од Мерцедесот, и веќе беше намалена на 8 секунди кога, шест круга до крајот, Даниел Рикиардо се паркираше покрај патеката по што излезе безбедносниот автомобил.
Џорџ Расел влезе во бокс по нов сет на црвените гуми, а истото го направија и во тимот на Ферари надевајќи се на спринт трка од неколку круга, но тоа не се случи, бидејќи трката заврши по безбедносниот автомобил.
Карлос ќе беше трет ако не застанеше, но никој не се надеваше дека трката ќе заврши неславно под Безбедносниот Автомобил. Ако таа продолжеше Шпанецот ќе беше лесна цел, па како што и самиот изјави, подобра опција беше да бидам веднаш позади и на исти гуми како ривалот бидејќи брзината на Ферари ќе помогнеше.
Hey @ScuderiaFerrari, remember when you said you wanted to watch all Carlos' overtakes... 👀#F1 #Formula1 #ItalianGP
— Formula 1 (@F1) September 13, 2022