На шест трки пред крајот на сезоната, Карлос Саинц Јр. е петти во поредокот кај возачите, со 32 поени зад тимскиот колега Чарлс Леклер.
Во неговото најново интервју за шпанските медиуми, возачот на Ферари ги сумираше прелиминарните резултати од своите настапи во 2022 година и го сподели своето мислење за тоа како го гледа крајот на сезоната.
- Што очекувате од следната трка во Сингапур?
Карлос Саинц Јр.: "Од гледна точка на физичка активност, не чека многу тешка трка, но тоа отсекогаш било така поради високата температура и влажноста."
"Ова е најтешката трка во сезоната, па ќе летам за Сингапур една недела порано за да се аклиматирам и да тренирам во овие услови."
"Мислам дека патеката може да одговара на нашиот болид, ако тоа се потврди во пракса, ќе имаме добри шанси за победа. Би било одлично да се победи на крајот од сезоната."
- Што очекувате од крајот на сезоната?
Карлос Саинц Јр.: "Би сакал да ја завршиме сезоната со стабилен финиш, земајќи ги предвид сите неволји што ни се случија."
"Сакам мирно да ги поминам последните шест трки, да избегнам проблеми, да најдам ритам и да почнам да се подготвувам за следната година."
- Што очекувате од болидот на Ферари за 2023 година?
Карлос Саинц Јр.: "Имаме добра основа од која можеме да напредуваме. Неопходно е да се подобриме во аспекти како што се издржливоста и стабилност."
"Сепак, не смееме да заборавиме дека оваа сезона се боревме со Ред Бул, што е совршено. Мораме да учиме и да го достигнеме нивното ниво следната година."
- Ферари ќе се бори за титулите во 2023 година?
Карлос Саинц Jр.: "Мислам дека ќе бидеме во можност да се бориме. Ќе се боревме за титулите и оваа година да настапевме малку подобро, иако мора да признаеме дека имавме среќа на почетокот на сезоната."
"Следната сезона ќе имаме нова шанса, и треба да се обидеме да ја реализираме. Ние во Ферари направивме голем чекор напред оваа година и сега мораме да поставиме повисоки цели."
- Оваа година ја забележавте првата Ф1 победа во кариерата. Како ја оценувате вашата сезона?
Карлос Саинц Јр.: "Да бидам искрен, не сум комплетно задоволен. Имаше многу добри трки и моменти кои нема да ги заборавам. На пример, првата победа, но самата сезона е како тобоган."
"Не можев секогаш да го најдам посакуваното темпо, имаше проблеми со издржливоста. Ни недостигаше стабилност, што е важно во борбата за титулата. Мораме да се подобриме и ќе работам на тоа."
- Дали чувствувате страв кога го возите болидот со големи брзини?
Карлос Саинц Јр.: "Не, никогаш не почувствував страв. Дента кога ќе се исплашам, ќе ја завршам кариерата. Ова чувство не е компатибилно со ризикот што го преземам во квалификациите во брз круг или на стартот на трката. Сигурен сум дека стравот само ќе ми пречи."
- Како успевате да се справите со критиките што секогаш го придружуваат секој возач на Ферари?
Карлос Саинц Jр.: "Однапред бев предупреден за ова. Ми рекоа да бидам подготвен критиките во италијанскиот печат да бидат многу остри."
"Само кога сте во Ферари сфаќате колку е голема улогата на тимот и колку внимание привлекува."
"Оваа година имаше дури и премногу, не секогаш заслужени, критики упатени до нас, но тоа е дел од работата. Горд сум што возам за Ферари и не го гледам проблемот во критиките."
- Дали се оствари твојот сон?
Карлос Саинц Jр.: "Мислам дека да се вози за тим како Ферари е сон на секој возач. Да се биде дел од овој тим и да се победи е максимумот на кој може да се надева еден возач."
- Како ја оценувате сезоната на Фернандо Алонсо?
Карлос Саинц Jр.: "Има добра сезона и проектот за следната година со Астон Мартин изгледа добро. Порано или подоцна тој ќе биде во првите редови. Гледам дека Фернандо е опуштен и одлучен."
ФЕРАРИ БИ ТРЕБАЛО ДА СЕ БОРИ ЗА ШАМПИОНСКИТЕ ТИТУЛИ
9/20/2022 12:19:00 PM
0
Share to other apps