Јуки Цунода го продолжи својот претстој во Формула 1 шампионатот за уште една сезона. Денес од тимот на АлфаТаури објавија дека го продолжиле неговиот договор и за следната 2023 година.
Останува да видиме кој ќе биде неговиот тимски колега во сестринскиот тим на Ред Бул. Јуки Цунода е релативно ново име во Формула 1, но Јапонецот веќе има 38 трки зад себе.
По контроверзната прва година, во која Ред Бул не ги виде резултатите што ги очекуваа од него, тимот го натера да се пресели во Италија за да биде поблиску до базата на АлфаТаури, да го научат на поголема дисциплина и да ја насочат неговата кариера во вистинскиот правец.
"Сакам да им се заблагодарам на Ред Бул, Хонда и АлфаТаури што продолжија да ми даваат можност да возам во Формула 1. Откако минатата година се преселив во Италија за да бидам поблиску до фабриката, навистина се чувствувам како дел од тимот и воодушевен сум што ќе продолжам да возам за нив во 2023 година", истакна Цунода.
"Бевме убедени во талентот на Јуки, а оваа година тој многу се подобри. Неговата брзина на последните трки е знак за сериозен напредок и потврда дека заслужува место во Формула 1."
"Отсекогаш сум велел дека потребни се три години за еден возач целосно да ја совлада Формула 1 и мило ми е што успеавме да му го дадеме тоа време.", рече тимскиот шеф на АлфаТаури, Франц Тост.
Уште едно место помалку во врвниот мото шампионат, иако непознато е дали Пјер Гасли ќе остане тимски колега на Јапонецот. Французинот е силно поврзуван со тимот на Алпин.
Денешната потврда на Цунода доаѓа на последниот ден од тест сесијата на Алпин на Хунгароринг, што можеби е показател дека нема да помине долго пред да го дознаеме второто и ново име во АлфаТаури, место со кое е поврзуван Ник де Врис, но исто така и објавата за Пјер Гасли.
Со обновувањето на договорот на Јуки Цунода, остануваат уште пет места за 2023 година: кој ќе биде тимски колега на Валтери Ботас во Алфа Ромео, тимски колега на Естебан Окон, Алекс Албон и потенцјално Цунода и Магнусен.
И од тимот на Алфа Ромео, т.е. Заубер подготвуваат објава за вторник, 27 септември. Дали е тоа само продолжување на доворот на Џоу Гуанју, со оглед дека на фотографијата се гледа нешто како шара на тигар, знакот на тековната кинеска година или пак ваквата најава е за нешто големо, а не мала работа, како најава за возач?!?
Можеби вторник е денот кога Заубер конечно ќе објави дека Ауди ќе купи дел од групацијата. Помина речиси еден месец од најавата за влегувањето на Ауди во Формула 1, но германците не коментираа со кој тим ќе се поврзат. Истиот ден со објавата на Ауди, Алфа Ромео потврди дека ќе го прекинат партнерството со Заубер во 2023 година, отворајќи го патот за Ауди да влезе во Заубер групацијата.
Гласините се дека операцијата за аквизиција ќе биде во три фази. Прво, Ауди ќе преземе контрола над 25% од тимот во 2023 година, уште по 25% во 2024 и 2025 година. Останатите 25% ќе му припаднат на шведскиот милијардер Фин Раусинг, еден од сопствениците на успешната компанија за пакување Тетра Пак Лавал.