Николас Латифи пристигна во Вилијамс во 2020 година со важно спонзорство, откако беше вицешампион во Формула 2 во 2019 година. Канаѓанецот помина три сезони со историскиот тим од Гроув, но на крајот од сезоната ќе мора да ја заврши кариерата во Формула 1.
Ненадејното деби на Ник де Врис во Монца, како замена за Алекс Албон, го воодушеви тимот и им отвори нова насока на развој во која нема место за Латифи.
"Сакаме да му се заблагодариме на Ники за неговата посветеност и напорна работа во изминатите три години и му посакуваме се најдобро во следните чекори од неговата кариера", сподели Вилијамс.
Де Врис е првата опција за тимот, но ќе треба да се види дали тоа се и негови желби. Самиот возач објави дека преговара со три Ф1 тима. Доколку плановите на Холанѓанецот не се поврзани со Вилијамс, тимот ќе мора да прибегне кон својата втора опција, Логан Сарџент.
Сепак, заминувањето на Латифи сугерира дека двете страни, и новиот возач и тимот, веќе го направиле својот избор.
Канаѓанецот од своја страна е благодарен за овие три години со тимот и ветува дека ќе го даде својот максимум на последните шест трки од 2022 сезоната.
"Вилијамс и јас ќе се разделиме на крајот на оваа година. Се чувствувам привилегиран што ги претставував три години. Огромна благодарност до целиот тим, тоа беше неверојатно патување и уживав во секоја секунда од него. Решен сум да ја завршам силно 2022 година."
"Иако не ги забележавме резултатите на кои се надевавме, имавме фантастична соработка. Никогаш нема да ги заборавам првите бодови освоени во Унгарија минатата година."
"Се подготвувам за ново поглавје во кариерата со посебни спомени од моето време со овој исконски тим. Знам дека сите ќе продолжиме да работиме најдобро што можеме до крајот на сезоната."
Статистика до почетокот на 2022 сезоната. |