Новинарите на официјалната веб-страница на шампионатот ги идентификуваа десетте најуспешни болиди што ги изгради Адријан Њуи, врз основа на бројот на победи на трките.
Водечки на рангирањето е овогодинешниот РБ18, кој ќе добие уште поголем процент доколку забележи победи на преостанатите трки од оваа сезона.
Ранг листа по успешност:
- Ред Бул RB18, 2022 сезона, 14/18(во тек), 77.77%
- Вилијамс FW18, 1996 сезона, 12/16, 75%
- Ред Бул RB9, 2013 сезона, 13/19, 68.42%
- Ред Бул RB7, 2011 сезона, 12/19, 63.15%
- Вилијамс FW15C, 1993 сезона, 10/16, 62.5%
- Вилијамс FW14B, 1992 сезона, 10/16, 62.5%
- Мекларен МП4/13, 1998 сезона, 9/16, 56.25%
- Мекларен МП4-20, 2005 сезона, 10/19, 52.63%
- Ред Бул RB16B, 2021 сезона, 11/22, 50%
- Ред Бул RB6, 2010 сезона, 9/19, 47.36%
Макс Ферстапен ја забележа својата 12-та победа во Јапонија, а кога на оваа бројка се додадат и двете победи на неговиот тимски колега, Серџо Перез, го прави RB18 најуспешниот болид на Ред Бул дизајниран од Адријан Њуи. Претходниот рекорд го држеше RB9, која забележа тринаесет победи.
Адријан Њуи: "Не сум многу добар со бројките, но радосно е да зе знае тој податок! Очигледно имавме добра серија."
"Мислам дека Ферари имаше многу брз болид од самиот почеток. На многу трки, да бидам искрен, веројатно беа малку побрзи, но мислам дека успеавме да ги заокружиме перформансите на болидот и да го направиме да работи на сите патеки."
НАЈУСПЕШНИТЕ БОЛИДИ НА АДРИЈАН ЊУИ
10/11/2022 07:29:00 PM
0
Share to other apps