Макс Ферстапен ја затвори својата најдобра Ф1 сезона со Победа на Големата Награда за Абу Даби. Холанѓанецот доминираше во трката и ја забележа својата 35-та Победа и рекордна 15 оваа 2022 сезона.
Чарлс Леклер, пак, го победи Серџо Перез и го освои вицешампионското место во пласманот на возачи, додека Карлос Саинц беше четврти, што ја осигура вицешампионската позиција во пласманот на конструктори.
Фернандо Алонсо ја заврши одисејата со тимот на Алпин, на начин кој често ги завршуваше трките, дефект во хидрауликата на својот болид. Оваа трка беше збогување на Себастијан Ветел и за жал мораше да ги направи славеничките "крофни" без неговите големи ривали покрај себе.
Како и Фернандо Алонсо, и Луис Хамилтон по подолго време ја заврши трката пред време поради дефект на неговиот W13, болид кој беше баксузен за него, оставајќи го без победа за првпат во неговата кариера.
Себастијан Ветел ја заврши сезоната и се прости од Формула 1 со добра трка еден освоен поен за десеттото место.
Првото место беше сигурно во рацете на Макс Ферстапен еднаш по првиот свиок,но борбата за второто место беше интензивна и неизвесна до последниот круг. Изненадувачки, стратегијата на Ферари беше подобра од онаа на Ред Бул и Моначанецот добро ги менаџираше своите бели пневматици, за да заврши на второто место во Абу Даби, а исто така и во шампионатот.
Карлос Саинц Јр. го обезбеди четвртото место по напорна трка за него и битката со возачите на Мерцедес АМГ, но денес Ферари беше на висината на својата задача и имаше успешен настап во сите сегменти на еден тркачки викенд. Џорџ Расел финишираше на петтото место.
Што се однесува до средната на поредокот, Ландо Норис беше најдобар од останатите, земајќи го и доплнителниот поен за најбрзиот круг во трката. Седмото место на Естебан Окон му помогна на Алпин да го зачува четвртото место кај конструкторите.
Фернандо Алонсо беше единствениот возач без пласман на оваа трка, а тоа му овозможи на Ленс Строл да заврши осми, со Даниел Рикиардо на деветтото и Себастијан Ветел на десеттото место.
МАКС ФЕРСТАПЕН ДОМИНАНТНО ЈА ЗАВРШИ НЕГОВАТА НАЈДОБРА Ф1 СЕЗОНА
11/20/2022 04:44:00 PM
0
Share to other apps