Оваа 2022 година, завршната тест сесија траеше само еден ден. На тимовите им беше дозволено да ги комбинираат тестовите на Пирели гумите со тестирањето на младите возачи, користејќи два болиди.
Минатата сезона Формула 1 се префрли на 18" гуми, сега Пирели едноставно само ги подобри своите смеши и во услови на ограничени трошоци, тестовите се намалени на еден ден.
Ферари ги зазеде првите три места на табелата, двајцата официјални возачи на тимот беа најбрзи на тестот на 2023 пневматиците на Пирели, додека нивниот резервен возач беше најбрз од младите возачи.
Карлос Саинц Јр. беше најбрзиот возач на денот, возеше во попладневниот дел од сесијата, користејќи ги 2023 гумита на Пирели.Чарлс Леклер беше на второто место, додека дебитантот Роберт Шварцман на третото, комплетирајќи 116 кругови.
Една од главните атракции на овој тест беше што неколку возачи ги сменија тимовите, па така Пјер Гасли за прв пат го возеше болидот на Алпин, Фернандо Алонсо дебитираше во Астон Мартин, Нико Хулкенберг во Хас Ф1.
Шпанецот учествуваше на пред пладневниот дел од сесијата, комплетирајќи 97 кругови и го имаше третото најдобро време пред паузата за ручек, додека севкупно тестот го заврши на 12-тото место.
Гасли и Алонсо имаа договори до крајот на годината, но нивните стари тимови се согласија да ги пуштат пред предвиденото, но без рекламирање на нивните болиди за да не се прекршат меѓусебните обврски
Уште еден од најочекуваните настапи беше оној на Оскар Пјастри со Мекларен, но Австралиецот не започна добро, бидејќи неговиот Мекларен се расипа по два часа тестирање и го предизвика единственото црвено знаме на денот.
Проблеми имаше и Нико Хулкенберг, Германецот, кој се враќа во Хас, имаше проблем со својот болид поради што се врати во својата гаража и остана таму речиси два часа.
Ник Де Врис, го имаше своето деби со болдиот на АлфаТаури, и беше возачот кој извозе најмногу кругови, 151, забележувајќи го осмото најбрзо време. Неговиот тимски колега, Јуки Цунода, беше втор со најмногу кругови, 135. Од друга страна, возач со најмалку комплетирани кругови беше Чарлс Леклер, 56.
Нема смисла да се споредуваат и анализираат резултатите, возачите работеа според нивната програма и не се трудеа да го покажат најдоброто време на кругот.
Со овој тест сезоната и официјално заврши, а следниот пат кога тимовите ќе ги изнесат новите болиди во акција ќе биде во Бахреин од 23 до 25 Февруари 2023 година.
ФЕРАРИ НА ПРВИТЕ ТРИ МЕСТА НА ЈАС МАРИНА
11/22/2022 06:07:00 PM
0
Share to other apps