Договорот на Луис Хамилтон со Мерцедес АМГ истекува на крајот на 2023 година. Британецот изјави дека очекува да го продолжи договорот со тимот и да освои уште една титула пред крајот на кариерата.
- Луис, за прв пат во кариерата, ја завршивте сезоната без победа. Дали тоа ве мотивира за следната година?
Луис Хамилтон: "Ваквите резултати дефинитивно не ме демотивираат! Сигурен сум дека претходно сум имал сезони без победа. Мислам дека тоа беше во картинг во 2001 година."
- Оттогаш помина многу време!
Луис Хамилтон: "Очигледно, минатата сезона сакавме да се бориме за титулата, но на почетокот на годината се соочивме со сурова реалност. Сепак, некои резултати ни изгледаа како победи, иако всушност не беа."
- На што точно мислиш?
Луис Хамилтон: "Имавме толку многу победи во изминатите години што тие изгледаа како нормална појава, што е чудно, бидејќи победите се толку прекрасни. Оваа година се задоволивме со помалку."
"На некои трки бевме среќни да се бориме за петтото место, а ако завршевме четврти, бевме целосно воодушевени. Да се биде задоволен со четврто или петто место е добро искуство. Ни требаше повторно да ја почувствуваме битката."
- Со други зборови, дали неуспесите го прават успехот повреден?
Луис Хамилтон: "Да, сега повеќе ги ценам достигнувањата. По трката во Бразил, на која победи Џорџ Расел, а јас завршив втор, бев неверојатно задоволен од напорите на тимот."
"Како што одминуваше сезоната, подобро го разбиравме болидот и целиот тим добро работеше заедно. Годината дефинитивно не беше разочарување за мене."
- Дали се надевате дека следната година резултатите ќе бидат подобри?
Луис Хамилтон: "Знам колку е тешко да се биде на врвот, но ние сакаме да се вратиме таму! Крајот на сезоната ни дава надеж. Последните неколку трки покажаа јасен позитивен тренд и докажуваат дека со напорна работа може да се постигне многу."
- Размислувате за осма титула?
Луис Хамилтон: "Не сега. Сега имам божиќни празници, кои ги поминувам со децата на сестра ми."
- Неодамна кажавте дека сакате да го продолжите договорот со Мерцедес АМГ. Дали веќе сте преговарале со тимот?
Луис Хамилтон: "Се уште не сме започнале преговори, бидејќи последните два месеци беа на пат, и немавме време."
- Дали очекувате долгорочен договор?
Луис Хамилтон: "Понекогаш се будиш наутро и помислуваш - Не сакам повеќе да правам нешто. Понекогаш се будиш и мислиш: Можам да правам нешто цел живот и сакам да постигнам повеќе. Мислам дека новиот договор нема да биде многу долг, но дефинитивно ќе останам."
- Многу возачи ја напуштија Формула 1 кога беа на врвот на нивната форма, некои откако таа им беше помината поодамна, како што беше случајот со Себастијан Ветел. Дали сакате да заминете како актуелен шампион?
Луис Хамилтон: "Мислам дека е сон на секој спортист, но и мој, да се пензионирам веднаш по освојувањето на титулата."
- За Ветел, тој момент дојде кога мотоспортот престана да биде смислата на животот. Дали сте вие во поинаква ситуација?
Луис Хамилтон: "И за мене моторспортот не е главната работа. Кога бев дете и влегов во Формула 1, беше, но не сега. После 30 години, сфатив дека е важно да се сеќавам на времето поминато со пријателите, со семејството, со луѓето кои ми се драги. Се фокусирам на ова и го планирам животот за да создавам такви моменти. Спомените се она што ќе остане со вас."
- Мик Шумахер потпиша договор како резервен возач за Мерцедес АМГ. Дали со нетрпение очекувате да работите со него?
Луис Хамилтон: "Во овие времиња, главните возачи не соработуваат толку блиску со третиот возач, кој поминува многу време на симулаторот, иако ние сè уште остануваме партнери. Мик е голем талент и добивка за Мерцедес АМГ. Тој е германски возач, а неговиот татко Михаел и Мерцедес имаа блиска соработка."
ЛУИС ХАМИЛТОН: МОЈОТ СОН Е ДА СЕ ПЕНЗИОНИРАМ КАКО ШАМПИОН
12/28/2022 08:29:00 PM
0
Share to other apps