Денеска се навршуваат девет години од трагичниот инцидент на француските Алпи во кој учествуваше Михаел Шумахер. Седумкратниот Ф1 шампион се здоби со сериозни повреди на главата на скијање, од кои се уште не е опоравен.
Во декември 2013 година, Шумахер беше во пензија повеќе од една година и уживаше во заслужениот одмор со своето семејство. На тој несреќен ден, германецот беше на одмор во ски-центарот Мерибел.
Михеал падна при спуштањето, удирајќи со главата во карпа. Кацигата се подели на два дела, делумно ублажувајќи го ударот, веднаш по падот Шумахер бил свесен. Со хеликоптер беше пренесен во болница каде му биле констатирани тешки повреди на главата.
Тој беше итно опериран, а во првите официјални изјави неговата состојба беше означена само како "критична". Потоа следеа уште неколку операции, а тој беше во вештачки предизвикана кома. Дури во јуни 2014 година Шумахер беше разбуден од кома и ја напушти болницата за да ја продолжи рехабилитацијата дома.
Оттогаш речиси ништо не се знае за состојбата на Михаел Шумахер. Семејството на возачот бара да се почитува правото на приватност. Одредени пријатели периодично го посетуваат, но јавно не кажуваат речиси ништо за неговата состојба.
Во 2016 година, Жан Тод, тогашниот претседател на ФИА, откри дека ја гледал трката со Михаел и изрази надеж дека еден ден ќе дојдат заедно на некој настан.
Во декември 2019 година, Корина Шумахер, сопругата на Михаел, даде охрабрувачка изјава: "Големите работи започнуваат со мали чекори. Од многу мали елементи може да се формира огромен мозаик. Заедно сме посилни."
Следниот пат кога Корина зборуваше за нејзиниот сопруг беше во документарен филм на Нетфликс објавен во есента 2021 година:
"На сите им недостасува Михаел, но Михаел е со нас. Тој е различен, но со нас. Досега секој ден ми покажува колку е силен. Се трудиме да продолжиме да живееме како семејство на начинот на кој Михаел сакаше и продолжува да го сака. Заедно живееме дома."
"Ние спроведуваме терапија и правиме се за Михаел да се чувствува подобро и удобно. Ние ги живееме нашите животи. Михаел секогаш велеше: "Приватниот живот е приватен живот." За мене е многу важно тој да продолжи да ужива во приватноста што е можно повеќе. Михаел отсекогаш не штител, а сега ние го штитиме Михаел."
МИХАЕЛ ШУМАХЕР - ДЕВЕТ ГОДИНИ ОД СКИЈАЧКИОТ ИНЦИДЕНТ
12/29/2022 11:59:00 AM
0
Share to other apps