Холандскиот медиум, РејсингЊуз365, ги објави платите на Ф1 возачите во 2023 година. Бројките се неофицијални, исплатите на бонуси на крајот на сезоната и рекламните договори можат значително да го зголемат приходот.
За прв пат по многу години, најплатен Формула 1 возач не е Луис Хамилтон, па со плата од 35 милиони долари, Британецот падна на третото место на листата. Платата на возачот на Мерцедес АМГ, не само што е помала од новиот шампион, Макс Ферстапен, туку и од Чарлс Леклер.
Јуки Цунода и Логан Сарџент ќе имаат најниска плата во 2023 година и ќе заработат по еден милион долари.
ПЛАТИ НА ВОЗАЧИТЕ ВО ФОРМУЛА 1 ВО 2023 ГОДИНА
1. Макс Ферстапен, Ред Бул, 55 милиони долари
2. Чарлс Леклер, Ферари, 36 милиони долари
3. Луис Хамилтон, Мерцедес АМГ, 35 милиони долари
4. Ландо Норис, Мекларен, 20 милиони долари
5. Серџо Перез, Ред Бул, 10 милиони долари
- Карлос Саинц Јр., Ферари, 10 милиони долари
- Валтери Ботас, Алфа Ромео, 10 милиони долари
8. Џорџ Расел, Мерцедес АМГ, 8 милиони долари
9. Естебан Окон, Алпин, 6 милиони долари
10. Фернандо Алонсо, Астон Мартин, 5 милиони долари
- Пјер Гасли, Алпин, 5 милиони долари
- Кевин Магнусен, Хас, 5 милиони долари
13. Алекс Албон, Вилијамс, 3 милиони долари
14. Ленс Строл, Астон Мартин, 2 милиони долари
- Нико Хулкенберг, Хас, 2 милиони долари
- Ник де Врис, АлфаТаури, 2 милиони долари
- Џоу Гуанју,Алфа Ромео, 2 милиони долари
- Оскар Пјастри, Мекларен, 2 милиони долари
19. Логан Сарџент, Вилијамс, 1 милион долари
- Јуки Цунода, АлфаТаури, 1 милион долари
ХАМИЛТОН ПОВЕЌЕ НЕ Е НАЈПЛАТЕНИОТ Ф1 ВОЗАЧ
1/18/2023 02:30:00 PM
0
Share to other apps