Насер Ал-Атија од Катар е победник на Дакар релито по петти пат во неговата кариера.
На последната етапа, возачот на Тојота заврши единаесетти, но во поединечниот пласман е 1 час 18 минути и 49 секунди пред второпласираниот Себастиен Леб, со автомобилот на Продрајв. Третото место во поединечниот пласман го зазеде уште еден претставник на Тојота, Лукас Мораеш.
Со победата на 2023 Дакар релито, Ал-Атија се искачи на второто место во историјата на Дакар по број на победи. Сега тој е втор по Стефан Петрансел, кој има осум победи во категоријата на автомобили.
Победник на последната етапа на Дакар беше возачот на Продрајв, Герлен Шишери, кој беше 1 минута и 36 секунди пред Матијас Екстром од Ауди и 1 минута и 44 секунди пред Хенк Латеган во Тојота.
Кевин Бенавидес на КТМ победи во категоријата мотоцикли. Јанус ван Кастерен од Холандија од Тим де Рој победи во категоријата камиони. Кога го нема шампионот да ја брани титулата и други ќе се радуваат во оваа категорија!
На крајот на годината спроведуваме традиционална анкета за македонските Ф1 фанови. Секогаш е интересно да се направи ревизија на сезоната, да се разбере кои трки и возачи оставиле најголем впечаток.
ЛИНК
Колку повеќе фанови учествуваат, толку сликата ќе биде пообјективна, затоа споделете ја анкетата до вашите пријатели.
По новогодишните празници ќе ги објавиме резултатите.
НАСЕР АЛ-АТИЈА ГО ОСВОИ ДАКАР ПО ПЕТТИ ПАТ
1/15/2023 01:27:00 PM
0
Share to other apps