Денес, понеделник, 09.01.2023 година, Фредерик Васер пристигна во базата на Ферари во Маранело, каде што ги презеде своите должности како шеф на Формула 1 тимот.
Васeр веќе го искористи божиќниот период за да ги оствари првите размени на впечатоци со луѓето од Ферари и со неговите двајца возачи, Чарлс Леклер и Карлос Саинц Јр..
Со тоа се започнува нов циклус во Ферари, без да се затвори претходниот кога тимот се чинеше дека е во чист кам-бек со Матија Биното. Но, повисоките фунционери во тимот од Маранело ја изгубија вербата во него, можеби затоа што почетокот на сезоната 2022 беше толку спектакуларен што поразот беше многу горчлив.
На место на техничарот Биното, доаѓа Васер кој е аеродинамичар. Неговата Ф1 кариера започнува кога Кирил Абитебул го повика да раководи со тимот на Рено. Тоа траеше една сезона. Тој решил да си замине бидејќи чувствувал дека нема слобода да го постави правецот на тимот.
Шест месеци подоцна дојде на чело на Заубер, по што го направи гигантскиот чекор до Ферари. Неговата прва одлука во Заубер привлече внимание. Тој го прекрши договорот што го имаа со Хонда и потпиша со Ферари.
Серџо Маркионе му го довери враќањето на логото на Алфа Ромео во Формула 1 и развојот на членот на академијата на Ферари за млади возачи,Чарлс Леклер.
Со доаѓањето во Ферари ќе мора да донесе прва и брза одлука. Тоа е поставувањето на технички директор.
Иако инженер по струка, нема да преземе двојна улога, тоа го нема направено во ниту еден од Ф1 тимовите каде што беше член. Тој ќе мора да се справи со силните подржувачи на Биното, да верува во нив или да ги промени.
Некои веруваат дека тој ќе треба да одлучи и за хиерархијата на возачите, но тоа можеби не е негова најголема грижа. Впрочем, првите трки ќе бидат тие што ќе го одредат тоа. Се тоа зачинето со фактот дека наследува болид развиван и дизајниран од неговиот претходник.
Во Ферари се желни да видат резултати на патеката. Останува да видиме дали во Маранело ќе има целосна автономија или Џон Елкан и Бенедето Виња ќе сакаат внимателно да го надгледуваат тимот.
За неговиот претходник, Матија Биното, работата во Скудерија заврши на 20 Декември 2022 година, кога тој се збогуваше со колегите и ги предаде сите работи.
До денес не беа познати плановите на Биното за 2023 година, но италијанскиот печат успеа малку да расветли што ќе се случува.
Се испостави дека Матија имал планиран одмор за следните 12 месеци, Ферари му платил дополнителен надомест за да не оди на работа во друг Формула 1 тим, ФИА или Либерти Медиа.
Износот на дополнителните плаќања не е наведен, но во Формула 1 е вообичаена практика кога водечки специјалист, по заминувањето од тимот, се обврзува да не се вработи кај конкурентите во однапред одреден временски период, обично шест месеци или една година.
ПРВ РАБОТЕН ДЕН ЗА ФРЕДЕРИК ВАСЕР, ФЕРАРИ МУ ПЛАЌА 12 МЕСЕЧЕН ОДМОР НА БИНОТО
1/09/2023 08:47:00 PM
0
Share to other apps