Минатиот октомври за време на трката за Големата Награда на САД, тимот на Хас Ф1 објави потпишување договор со новиот партнер, MoneyGram.
Американската финансиска компанија доби статус на главен спонзор за 2023 година, па така сега целосното име на тимот е MoneyGram Haas F1 Team.
Прес-службата на Хас Ф1 на нивните социјални канали го објави ажурирано лого на тимот кое ги задржува вообичаените црвено-бели бои, но сега во него е впишан симболот на MoneyGram.
Гинтер Штајнер, тимски шеф: "Среќни сме што од овој месец официјално ќе бидеме познати како MoneyGram Haas F1 тим. Кога го објавивме партнерството на MoneyGram во октомври на Големата Награда на Соединетите Држави, ова беше датумот на кој се радувавме бидејќи со новата година за нас доаѓа новото име и комплетно ново лого."
"Ни претстојат возбудливи неколку недели до презентацијата на овогодинешниот болид, VF23. После тоа, ја имаме претсезонската тест сесија и почетокот на сезоната во Бахреин."
"Сите во тимот со нетрпение го очекуваат почетокот на новата сезона со нашата нова возачка постава составена од Кевин Магнусен и Нико Хулкенберг. MoneyGram Haas F1 Team има добри вибрации."
Алекс Холмс, претседател и извршен директор на MoneyGram: "Го презентиравме новото лого на тимот, а во текот на следните неколку месеци ќе го прикажеме новиот дизајн пред болидите да излезат на патеката во Март."
"Ова е возбудливо време за MoneyGram, еден од водечките светски брендови за меѓународни трансфери на пари, додека ги извршуваме нашите стратешки цели да испорачаме дополнителни иновативни финансиски решенија и да тргнеме на ова ново патување како главен спонзор и спорт со неверојатен потенцијал."
ХАС СО НОВО ЛОГО И ГЛАВЕН СПОНЗОР
1/05/2023 01:15:00 PM
0
Share to other apps