Божиќните и новогодишните празнични денови се зад нас, што значи дека е време да ги сумираме резултатите од она што полека станува традиционалната годишна анкета за македонските Ф1 фанови со која ставаме крај на минатата и целосно внимание го насочуваме кон новата 2023 сезона.
ГОДИНИ, ИСКУСТВО, ОБРАЗОВАНИЕ НА МАКЕДОНСКИОТ Ф1 ФАН
Она што не изненадува е возрасната група која е речиси изедначена по процент во рамките од 26 до 45 години. 92% од учесниците во анкетата се мажи, 60% се со високо образование. Поголемиот дел од нашата публика, речиси половината се изјасниле дека ја следат Формула 1 повеќе од 20 години, што значи дека се ветерани во врвниот мотоспорт.
Повеќе детали за овие анкетни прашања имате на страницата каде се сумирани анкетните резултати на следниот ЛИНК.
КАКО БИ ЈА ОЦЕНИЛЕ МИНАТАТА СЕЗОНА?
2022 сезоната доби преодна оцена 4 од повеќето Ф1 фанови - 41.4%, оцена со која би се согласиле и ние. Новата генерација на Ф1 болиди на почетокот на сезоната најавија екстра сезона со многу претекнувања за првото место, но како што годината одминуваше, доминацијата на Ред Бул ја претвори во рекордна за нив, но просечна за фановите.
Оваа оценка, просечна 3, ја имаа 33.3% од фановите. Спротивно од нив 15.2% од фановите сметаат дека гледавме извонредна сезона во Формула 1, а само 7.2% мислат дека гледавме незадоволителна т.е. лоша година за шампионатот.
Со оглед на бројноста на Скопје убедливо е на првото место по број на Ф1 фанови, а оваа година фановите од Прилеп го презедоа второто место од Битолчани.
На анкетата учествувале фанови од следните градови со застапеност помала од 1% и тоа: 0.7% Богданци, Виница, Крива Паланка,Крушево, 0.6% Валандово, Делчево, Пробиштип, 0.5% Берово, Демир Капија,0.4% Македонски Брод, 0.1% Кратово и без нити еден фан од градовите Дебар, Дојран, Нов Дојран, Македонска Каменица.
2.9% од македонските фановите кои не следат се наоѓаат надвор од државата.
ОМИЛЕН ВОЗАЧ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ Ф1 ФАНОВИ
Во оваа номинација беше понуден избор на сите возачи кои учествуваа во Ф1 шампионатот во изминатата сезона, така што резултатот во секој случај е целосен и реален одраз на македонските фанови.
Во 2020 година најголемиот дел од нив го подржаа успехот на Чарлс Леклер.
Во 2021 година, Макс Ферстапен беше на врвот на рангирањето по острата и неверојатна битка со Луис Хамилтон.
Во 2022 година, Моначанецот од Ферари се врати во првата позиција, пред Макс Ферстапен, додека Луис Хамилтон беше трет по популарност.
Од останите возачи одреден рејтинг имаат Даниел Рикиардо 1.2%, 0.7% Пјер Гасли, 0.4% Валтери Ботас, Кевин Магнусен 0.2%, додека најнепопуларни возачи без нити еден фан од Македонија се Естебан Окон, Џоу Гуанју, Ленс Строл, Јуки Цунода, Алекс Албон и Николас Латифи. 2.9% од анкетираните немаат омилен возач.
НАЈДОБАР ВОЗАЧ ЗА 2022 ГОДИНА
И во оваа номинација беше понуден избор на сите возачи кои учествуваа во Ф1 шампионатот во изминатата сезона.
Чарлс Леклер се врати на првата позиција како омилен возач на македонските Ф1 фанови, но Макс Ферстапен според голем процент на анкетираните фанови е најдобриот возач за 2022 година. Сосема заслужено!
Од останите возачи одреден рејтинг имаат Кевин Магнусен 0.6%, Валтери Ботат 0.4%, Естебан Окон, Даниел Рикиардо, Џоу Гуанју, 0.1%, додека возачи без нити еден глас се Ленс Строл, Пјер Гасли, Јуки Цунода, Алекс Албон и Николас Латифи. 2.5% од анкетираните неможат да се одлучат за еден возач.
ОМИЛЕН ТИМ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ Ф1 ФАНОВИ
Исто како и во претходното анкетно прашање, во оваа категорија беа понудени сите тимови кои моментално учествуваат во шампионатот на Формула 1.
Секако, Ферари нема конкуренција и цврсто го држи врвот и покрај долгиот период без освоена шампионска титула кај возачи, ни во шампионатот на конструктори.
Ред Бул втора година по ред опстојува да биде пред тимот на Мерцедес АМГ по популарност, но она што паѓаво очи е константнто намалување на рејтингот на Мекларен, а АлфаТаури останува најнепопуларниот тим. 1.9% од анкетираните немаат омилен тим.
НАЈДОБАР БОЛИД ЗА 2022 ГОДИНА
Првите три позиции ги држат болидите на најпопуларните тимови, но на крајот повеќето Ф1 фанови беа согласни дека тимот на Ред Бул го имаше најдобриот болид за 2022 сезоната - РБ18.
3% од анкетираните не може да се одлучат за тоа кој е најдобриот болид за 2022 година.
НАЈУБАВ БОЛИД НА ГРИДОТ ВО 2022 ГОДИНА
Оваа сезона освен на фановите на Ферари, Ф1-75 им се допадна и на дел од останатите Ф1 фанови, па со убедливо мнозинство се најде на врвот на табелата.
Ние исто така се согласуваме дека 2022 Ф1 болидот на Ферари беше најубав на гридот, пред се поради уникатните карактеристиките на страничните отвори за ладење, кои го дистанцираа од останатите болиди.
4.7 % од анкетираните не можеа да се одлучат за нити еден од 10-те болиди кои настапуваа во 2022 шампионатот на Формула 1.
НАДОБАР ТИМСКИ ШЕФ ВО 2022 ГОДИНА
Во оваа номинација беше понуден избор од сите тимски шефови кои беа дел од Ф1 шампионатот во изминатата сезона.
Како и во случајот со најдобриот возач, според македонските Ф1 фанови, Кристијан Хорнер со убедливо мнозинство е најдобриот тимски шеф за 2022 година.
Исто така, сосема заслужено!
Високи 6.7% од анкетираните не може да се одлучат за тоа кој е најдобриот тимски шеф за 2022 година.
Вториот дел од статијата го имате на линкот подолу!
линк - 2022 АНКЕТА - Ф1 ФАНОВИ ВО МАКЕДОНИЈА (2 дел) - линк
линк - ФОРМУЛА 1 - СИТЕ ПОВАЖНИ ДАТУМИ И ИНФОРМАЦИИ ЗА 2023 СЕЗОНАТА - линк
2022 АНКЕТА - Ф1 ФАНОВИ ВО МАКЕДОНИЈА (1 дел)
1/22/2023 03:36:00 PM
0
Share to other apps