На почетокот на декември минатата година, Формула 1 официјално го објави откажувањето на Големата Награда на Кина поради тековните тешкотии поврзани со пандемијата.
Сепак, според најновите гласини, трката во Шангај има шанси да се одржи во 2023 година. Во последните недели кинеските власти укинаа многу ограничувања поврзани со пандемијата, а од 8 јануари треба да се укинат сите барања за карантин за меѓународни летови.
Во таа насока, промоторот на Големата Награда на Кина, Џус Спортс, доставил предлог до раководството на Формула 1 за враќање на трката во календарот за 2023 година и да се одржи трката на првично планираниот датум на 16 април.
Доколку не се одржи трка за Големата Награда на Кина во 2023 година, тогаш ова ќе биде четврта година по ред без трка во Шангај. Голема е веројатноста дека со оглед на толку долга пауза помеѓу две трки, локалните маршали ќе мора да поминат обука, а патеката во Шангај ќе мора да помине инспекција на ФИА за да се потврди лиценцата од 1 степен.
Формула 1 засега не коментира за можното враќање на Големата Награда на Кина.
На крајот на годината спроведуваме традиционална анкета за македонските Ф1 фанови. Секогаш е интересно да се направи ревизија на сезоната, да се разбере кои трки и возачи оставиле најголем впечаток.
ЛИНК
Колку повеќе фанови учествуваат, толку сликата ќе биде пообјективна, затоа споделете ја анкетата до вашите пријатели.
По новогодишните празници ќе ги објавиме резултатите.
КИНА САКА ДА БИДЕ ДОМАЌИН НА ТРКА ВО 2023 СЕЗОНАТА
1/02/2023 12:38:00 PM
0
Share to other apps