Џејмс Воулс ќе биде новиот тимски шеф на Вилијамс од 2023 година, како замена за Јост Капито. Воулс, кој веќе 20 години е дел од врвниот мотоспорт, ќе му се приклучи на Вилијамс Ф1 тимот на 20 Февруари, непосредно пред почетокот на тест сесијата во Бахреин.
Британецот е познат по својата улога како главен стратег во Мерцедес АМГ, каде што работеше од самото враќање на Мерцедес во Формула 1 во 2010 година. Претходно, тој беше член на останатите тимови со седиште во Бракли како што се БАР, Хонда и Браун ГП.
Во последниот дел од 2022 година, Воулс го напушти пит-ѕидот на Мерцедес АМГ, на кој беше во поголемиот дел од своето време во Бракли.
Британецот беше една од значајните фигури на споменатата фабрика, каде што помина повеќе од две децении, но оваа година дојде време за промена на средината, упатувајќи се кон Гроув.
Тргнувањето на Воулс од пит-ѕидот на Мерцедес АМГ и преминот кон гаражата до Тото Волф имаше свои причини. Џејмс почна да се подготвува за менаџерска улога како напредок во неговата кариера.
Веднаш скок до улогата тимски шеф, што е многу интересен предизвик за стратег кој не остана незабележан сите овие години.
"Едвај чекам да ја започнам оваа нова авантура со Вилијамс. Чест е да се приклучам на тим со голема историја, тие се обележје на Формула 1 и јас ги почитувам многу. Со нетрпение го очекувам овој предизвик."
Воулс го напушта Мерцедес АМГ, но ќе продолжи да има блиски односи со тимот со кој ја постигна својата слава во Формула 1. Вилијамс е еден од трите тимови клиенти на Мерцедес АМГ и неговото доаѓање во раководството на Гроув ќе помогне да се зајакнат врските кои во последно време стагнираа.
Вилијамс веќе најави дека 2023 сезоната официјално за нив ќе започне на 6-ти Февруари кога ќе го претстават обојувањето на новиот болид, ако продолжи традицијата ќе биде именуван FW45, но тој нема да биде прикажан, а неговото деби се очекува на прет сезонската тест сесија во Бахреин.
Тото Волф, тимски шеф на Мерцедес АМГ: "Џејмс беше високо ценет член на нашиот тим во неговата улога како директор за стратегија за моторспорт, претставувајќи интегрален дел од нашиот успех во последниве години."
"Работев со него од кога првпат му се приклучив на тимот во 2013 година, знам колку е вреден, способен и талентиран и чувствувам огромно задоволство од гледањето на Џејмс како се развива и расте во текот на изминатата деценија."
"Воопшто не се сомневам дека тој ги има сите потребни вештини за да стане фантастичен тимски шеф во Формула 1. Му посакуваме успех и среќни сме што ќе го направи следниот чекор во кариерата со Вилијамс, наш силен технички партнер и тим кој има блиско место до моето срце."
ОФИЦИЈАЛНО: ЏЕЈМС ВОУЛС НОВ ТИМСКИ ШЕФ НА ВИЛИЈАМС
1/13/2023 02:30:00 PM
0
Share to other apps